Компанијата Linkflow ја направи алката Fitt360, која ја снима околината на корисниците под агол од 360 степени. Алката наликува на безжични слушалки, но наместо мали звучници има вградени камери. Иако можеби не изгледа атрактивно, снимките коиг и прави се навистина интересни за гледање.
Fott360 не е уред кој би го носеле секој ден туку додека посетувате некој нов град или земја, додека планинарите и сличнио. Посебно е погодна за планинарење затоа што така нема да им пречите на луѓето кои се околу вас додека снимате. Снимањето се активира и се деактивира со притискање на копче, а зеленото светли покажува кога е активна.
Видеата кои ги прави се стабилни и при движење затоа што камерите на алката можат да ја стабилизираат сликата. Алката Fitt360 уште има кампања на Kickstarter, a досега има собрано повеќе од 300.000 долари. Цената моментално изнесува нешто помалку од 400 долари, а кога ќе се најде во продавници ќе чини 600 долари.