Apple ќе прави тастатура отпорна на ронки, прашина и друга нечистотија

- Advertisement -

Има ли некој што не го држел лаптопот во скут и јадел додека гледал филм или проверувал што има ново на Facebook? Колку често ви паѓаат ронки од храната и влегуваат под копчињата на тастатурата? Веројатно многу почесто отколку што мислите. Сега тој проблем може да стане минато благодарение на патент од Apple, пишува Daily Mail.

Новиот дизајн на тастатурата може да го реши проблемот со прашината и нечистотијата која навлегува во отворите меѓу копчињата. Можете да бришете со влажни марамчиња, да чистите со четка, да дувате, но сепак не излегува сета нечистотија кај обичните тастатури. Не само што може да изгледа гадно, туку некогаш треба да се замени и цела тастатура.

- Advertisement -

Патентот на Apple има за цел да ги заштити лаптопите од загадувачи, вклучително и прашина и течности. Остатоците од некои течности како шеќерот може да предизвикаат коризија или да го блокираат контактот. Прашината, пак, и остатоците од храна може исто така да ги заглават копчињата.

 

Сподели!
- Advertisement -