Паметна облека со која може да ги контролирате уредите во домот

- Advertisement -

Компанијата за паметна долна облека Myant почна да прима нарачки за својата линија паметна облека Skiin. Skiin е составена од градници и долна облека кои се опремени со технологија која следи што се случува во вашето тело и можете да го контролирате паметниот дом. Технологијата е слична на јакната Jacquard на Google и Levi’s, односно има еден куп сензори кои се вктаени во материјалот и секое парче облека има мал модул кој може да се острани и да се полни безжично.

Секое парче облека на Skiin има по 6 сензори кои го следат срцевиот ритам, температурата на телото, притисокот и движењата, како и нивото на маснотии и хидрација на телото. Податоците кои ги собираат постојано се анализираат и се испраќаат до апликацијата за телефон, пишува Mashable.

- Advertisement -

Доколку не ви пречи да носите облека која мора да ја полните на струја и да издвоите до 279 долари за четири пара гаќи, сите податоци кои ги собира облеката се корисни за да го следите вашето здравје во реално време.

Технологијата во нив може да помогне и да се автоматизира работата на некои паметни уреди во домот. На пример, доколку ја поврзете облеката со Nest, можете автоматски да го местите термостатот врз основа на температурата на телото. Понатаму, ако ја поврзете со Spotify, автоматски ќе ви прави листи со музика во  согласност со вашето расположение. Од компанијата велат дека размислуваат и за интеграција со некои девелопери на игри.

Сподели!
- Advertisement -