Кина направи невидлив материјал

- Advertisement -

Кина изгради фабрика за производство на таканаречени „супер материјали“ кои поседуваат претходно незамисливи карактеристики. Oваа фабрика лоцирана во Шенжен произведuva различни типови материјали, вклучувајќи и невидлив материјал кој ги прави сите предмети невидливи, пишува DailyMail.

Иако не објаснуваат за што ќе се користат прекривките направени од овој „метаматеријал“, според некои кинески портали и медиуми, веројатно ќе се користи за воените авони на Кина особено на моделот J-20. Она што Кинезите го нарекуваат супер материјали, всушност, се метаматеријали кои се нова класа вештачки создадени површини со особини кои не се среќаваат кај конвенционалните материјали.

- Advertisement -

Некои метаматеријали можат да ја прекршуваат инфрацрвената радијација, како што е видливиот дел од сончевиот спектар, што значи дека може да се користат за да се направат наметки за невидливост. Според кинеските медиуми, кинески научници успеале да направат големи количини од овој метаматеријал.

Парчиња материјал долги 80см, широки 60см се обложуваат со слој бронза за да се користат како основа за кинескиот суперматеријал. На таа база ќе се додаде посебен слој на кој може да се видат дури 20.000 различни шари доколку се изложи на сонце. Секоја од тие шари е широка по 0,2 квадратни милиметри и содржат илјадници микроструктури кои се невидливи за човечкото око. Микроструктурите се користат за да се контролираат особините на метаматеријалите.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -