Погледнете ги реакциите на луѓе кои прв пат се возат со бeспилотните возила на Google

- Advertisement -

Автономните автомобили не се иднина, тие се сегашност и само автомобилите на Google, односно на Waymо досега имаат поминато повеќе од 8 милиони километри. Компанијата доби дозвола за вршење такси услуги со своите автономни возила во Ариозна, САД, и овој сервис наскоро ќе почне со работа во Феникс.

Иако на почеток во возилата ќе има и возач кој во случај на проблеми ќе ја преземе контролата над возилата, нема да помине долго време додека компјутерите бидат единствените возачи во автомобилите. Најголем дел од луѓето кои досега ги испробаа автомобилите не стекнаа впечаток за целосна автономија затоа што секогаш се возеа во автомобили во кои е присутен возач, но Waymo доби дозвола за тестирање на автомобилите и без возач и со програмата Early Rider на жителите на Феникс им овозможија по прв пат целосно автономно возење.

- Advertisement -

Неделава Waymo објави кратко видео во кое ги прикажаа реакциите на првите луѓе кои ги тестираа автомобилите без возач зад воланот. „Ова е чудно“, „Иднината…“, „Зарем никој не го вози автомобилот?“ се само некои од коментарите при првото возење со беспилотните автомобили на Google. Но, после почетната возбуда, дел од патниците се посветија на стандардни работи кои ги прават во тек на патување како сурфање на мобилен телефон, правење селфи или спиење.

Интересно е што при излегувањето од автомобил патниците немаат кому да се заблагодарат за возењето затоа што нема никој на предните седишта, па на крајот му се заблагодаруваа на автомобилот. Од краткото видео на Waymo се чини како на луѓето нема да им биде проблем да се навикнат на ваквите автомобили кога ќе сфатат дека нема преголема разлика дали со автомобилот управува возач или компјутер, па веројатно ќе заборават и дека нека никој во автомобилот и ќе се посветат на свои работи.

- Advertisement -

Инаку, освен авономни автомобили, Waymo развива и камиони со кои управуваат компјутери и најавија дека камионите наскоро ќе почнат да пренесуваат товар во центри во Атланта. Иако компјутерите во камионите уште мора да учат затоа што начинот на управување се разликува од автомобилите, јасно е дека иднината на превозот останува на ваквите возила, што значи и бројни откази за возачи на камиони, такси и возила за достава.

Сподели!
- Advertisement -