АНАЛИЗА: Како технологијата и вештачката интелигенција ќе го олеснат животот во домаќинството?

- Advertisement -

Ако се навратиме наназад пред 50, 100 години и се запрашаме како тогаш живееле нашите прабаби, баби, ќе треба да се засрамиме од тоа колку пати во денот се жалиме дека нешто ни е тешко да го направиме, дека имаме премногу обврски по дома, дека немаме доволно време...

Од приказните на мојата баба јас знам дека таа успевала да одгледува 3 мали деца со возрасна разлика од само една година,  да работи на туѓи ниви, да меси леб секој ден, да чува крави и кози, да пере пелени и се друго на рака без да има тоалет или бања.

Како тогаш нам може да ни биде тешко да одиме на работа додека друг ни ги чува децата, а кога ќе се вратиме да сме преморени за да направиме ручек или да ги собереме алиштата и да ги ставиме во машина за алишта? Ако нашиот живот денес е неспоредливо полесен во споредба со животот од времето на баба ми, тогаш домаќинките од иднината нема да треба да дигнат прст за да сработат нешто по дома.

- Advertisement -

На врвот на листата со домашни обврски кои не ги сакаме можеби е пеглањето облека. Сите домаќинки може да се израдуваат на оваа вест – направена е првата паметна пегла во светот Laurastar Smart. Пеглата е дело на швајцарската компанија Laurastar Group и беше презентирана на годинашниот IFA саем во Берлин.

Според компанијата Laurastar Group, пеглата во себе содржи технологија на професионални пегли како испуштање пареа во 4 јачини и вакуум систем, но тоа што ја прави паметна е фактот дека преку Bluetooth може да се поврзе со паметен телефон.

- Advertisement -

Но, тука е и роботот Effie кој ја суши и ја пегла облеката наместо вас. Одеднаш може да испегла 12 парчиња облека. Неговите креатори Рохан Макдар и Тревор Керт тврдат дека вреето за пеглање го скратува за 95%. Вашата облека ќе биде готова за носење за само 3 минути, а преку апликација ќе ве извести кога е готова.

Ако не им се доволни овие две опции, има и трета. LG на CES во Лас Вегас претстави поголема верзија од својот револуционерен систем за нега на облека LG Styler. Новиот футуристички ормар Styler има место за шест парчиња облека, а бидејќи се конектира на Wi-Fi нуди и многу поголема практичност за модерните потрошувачи.

- Advertisement -

Најновиот LG Styler се грижи за различни парчиња облека за целото семејство, вклучувајќи ја и долната облека како градници, нежни блузи, формална облека, комбинезони, облека за бебиња, плишани играчки итн. прави испеглана линија на долниот дел од ногавиците со должина до 60 см. Поради поголемиот капацитет во Styler сега може да се стават и јакни и капути.

На ред доаѓа чистењето по домот. Особено чистењето на веце школката, затоа што колку и да се трудите, сепак, тоа е највалканиот дел од целиот дом. Бидејќи чистењето на тоалетот е најмалку пожелната обврска во домот, екипа од САД разви робот кој тоа ќе го направи наместо вас.

Giddel е робот кој едноставно се поставува на која било веце школка, работи на батерии и користи заменски четки, а неговите креатори тврдт дека роботот брзо и ефикасно ќе ја исчисти и највалканата веце школка. Имено, освен што со четка ќе ја исчисти сета нечистотија, на крајот и ќе дезинфицира се за да бидете сигурни дека веце школката е навистина чиста.

Чистењето на подовите е уште една неомилена активност. Ако не сакате да чистите подови со какви било уреди за олеснето чистење, сега има ново решение за вас – автоматскиот чистач Everybot. Everybot е сличен на стандардна роботска правосмукалка, но има и систем кој му овозможува да ја навлажни површината преку која поминува додека со микрофибер крпи ја брише и ја чисти.

Роботот го имитира движењето на човечката рака со аплицирање притисок додека го чисти подот. На тој начин врши длабинско чистење со две крпи кои се вртат. Постојат неколку начини на чистење, а може да се користи и за чистење прозорци и ѕидови. Everybot има сензори кои му овозможуваат да детектира и да заобиколува препреки, а доволно е компактен да може да исчисти и под мебелот.

Готвењето денес стана активност која се препушта на рестораните или се сведува на брза, нездрава храна. Но, домаќинките од иднината ќе имаат роботи кои ќе готват за нив. Благодарение на системот за следење на движење првата роботизирана кујна во светот, дело на компанијата Moley Robotics, може прецизно да ги реплицира постапките на еден мастер шеф и да креира многу вкусни оброци зготвени по светски стандарди.

Всушност, во прототипот на кујната, која ја освои наградата Best of the Best на CES во Шангај минатата година, се вградени готвачките вештини на мастер шефот Тим Андерсон, победник на BBC Master Chef, вклучувајќи го секое негово движење и се реплицираат од страна на роботските раце.

Доколку не можат да си дозволат роботизирана кујна, имаат и други опции. Доколку немаат никаква идеја што да зготват од продуктите што ги гледаате пред нив или фрлаат нешто затоа што не им текнува како да го приготват, компанијата Whirlpool на CES во Лас Вегас ја претстави најпаметната кујна.

Апликацијата на компанијата Yummly сега е опремена со компјутерска интелигенција. Се што треба да направите е со камерата од телефонот да ги скенирате производите кои ги имате во фрижидер, а компјутерската интелигенција ќе создаде вкусен рецепт со продуктите кои ги имате на располагање.

И LG работеше на паметни и контектирани кујни за идните домаќинки и на CES 2018 ја претстави својата визија за конектирани, паметни кујни од иднината кои ги предвидуваат потребите на корисниците и го скратувцаат времето потребно за готвење. Паметните уреди на LG – фрижидерот InstaView ThinQ, печката EasyClean и машината за садови QuadWash – нудат hands-free искуство и исклучителна практичност.

Паметниот фрижидер InstaView ThinQ предлага рецепти во зависност од продуктите кои се наоѓаат во него. По избирањето на рецептот автоматски испраќа информации до печката, додека Alexa вербално го води корисникот низ подготовката на јадењето. Преку фрижидерот може да се слуша и омилената музика со Amazon Music, iHeartRadio и други услуги за емитување музика. Фрижидерот овозможува и да се следи рокот на траење на храната во него, а благодарение на камерата PanoramaView која се наоѓа во фрижидерот преку телефон може да се следи состојбата во него.

Печката EasyClean е поврзана со апликација и безжично и автоматски може да почне да се грее во одредено време. Кога и треба чистење корисникот ќе биде известен преку телефон. Печката испраќа информации до машината за садови QuadWash, која го прилагодува начинот на миење на чиниите во зависност од приготвената храна.

Samsung го направи најпаметниот фрижидер во светот денес

Фрижидерот сам прави селфи фотографии од тоа што моментално го има во него и му ги испраќа на сопственикот на телефон. Идејата е на сопствениците кои имаат многу обврски да им испрати информации за тоа кои продукти ги има за да не трошат пари на храна што не треба. Тоа може да значи крај на списоците со продукти кои треба да се набават.

Фрижидерот предлага и рецепти, односно ја вклучува и ја исклучува рерната. Samsung Family Hub има три камери кои ги фотографираат полиците секој пат кога ќе се затвори вратата на фрижидерот. Камерите се наоѓаат на врвот, на средината и на дното на вратата, а фотографиите ги прават пред да се згасне светлото во фрижидерот. Фрижидерот чини 4.500 евра.

Освен денешните микробранови печки, кои за неколку минути загреваат се што ќе посакаме, а можеме и да готвиме во нив, во иднина ќе има и микробранова печка која замрзнува храна наместо да загрева. Frigondas е дизајнирана од инженери во Шпанија, а изградена во Кореја. Името е изведенка од шпанските зборови за фрижидер и микробранова печка – frigorífico и microondas.

Патентираниот кујнски уред е совршена комбинација од традиционална микробранова печка и ултрабрз фрижидер. Frigondas може да замрзне свежо овошје и зеленчук за само 6 минути, за што кај традиционалeн фрижидер се потребни час и половина. Коцки мраз се прават за 12 минути.

Производителот на кујнски апарати Whirlpool, пак, произведе корпа за отпадоци која создава ѓубриво обработувајќи ги остатоците од храна кои и онака завршуваат во отпад.Наместо да фрлаат ѓубре и да загадуваат, домаќинките ќе си создаваат ѓубриво за сопствените саксии со цвеќиња.

Уредот именуван како Zera Food Recycler мора само да биде приклучен на струја, а сѐ што вие треба да направите е да ги фрлате остатоците од храна како овошје или зеленчук кој почнал да скапува или пак лушпите од истиот во делот наменет за тоа. Количински, корпата може да се полни со остатоци од храна од една недела и потоа да се вклучи опцијата за обработување после што ќе се добие ѓубриво кое ќе можете да го користите за во градината.

За поголема безбедност на домот, пак, особено во големите градови, постои уште еден гаџет кој ќе им кажува кој им тропа на врата. Компанијата Nest од Калифорнија го претстави ѕвончето Nest Hello, кое има дури и опција за препознавање лице. Така ќе се чувствувате побезбедни доколку некој странец ви заѕвони на врата. Nest Hello поддржува снимање во HDR, како и снимање во ноќен режим, што е карактеристично и за други уреди на компанијата.

Паметното ѕвонче е опремено со сензори за препознавање лице исто како што имаат безбедносните камери, така што секогаш ќе ги препознава членовите на семејството, пријателите и сите кои често доаѓаат кај вас. На овој начин Nest Hello ќе ве извести доколку пред врата ви стои странец или некој кој не сака за заѕвони.

Треба ли уште да набројуваме или отприлика имате претстава што ќе работат по дома домаќинките од иднината? Веројатно ќе можат да ги прават омилените активности додека нивниот дом се грижи самиот за себе. Кој не би посакал ваква иднина?

Сподели!
- Advertisement -