Мате Римац: Concept_Two е автомобил каков што отсекогаш сакав да направам

- Advertisement -

Concept_Two, најновиот модел на Мате Римас, кој беше прогласен и за најбрз автомобил во светот, ги одушеви сите. Како што пренесува Zimo, Римац за дневникот на Novа TV открива зошто учествува во изградбата на фабриката во Кина, што мисли за претприемничката клима во Хрватска, но и дали Ричард Хамонд, еден од водителите на популарното шоу за автомобили на ВВС, Top Gear, ќе го испроба неговиот нов автомобил.

Пред неколку дена во Женева го претставивте својот нов суперавтомобил – електричниот Concept_Two. Кои рекорди ги срушивте со него?

- Advertisement -

Нашата компанија е создадена за да ги поместува техничките граници и можностите на електричните автомобили и токму затоа е создаден и C_Two – за да покаќе што се е возможно денес, што е максимално можно, дека електричните автомобили можат да бидат забавни, брзи и речиси во се подобри од бензинците.

Перформансите се рекордни?

- Advertisement -

Па, да. Имаме 1.914 коњски сили, забрзување од 0 до 100 км за 1,97 секунди, максимални 412 км/ч итн. Цената е 1,7 милиони евра. Ќе има лимитирана серија од 150 автомобили. Ние годинава и следната година ќе направиме дваесетина прототипови. За жал некои ќе завршат во ѕид, некои во столб, некои на кров – имаме повеќе од 800 тестови, од кои најголем дел се деструктивни. Значи, истите автомобили повеќе пати ќе се уништуваат и ќе се поправаат, но сето тоа е дел од процесот. Ќе падне и по некоја солза, но мора да го направиме тоа.

Многумина Ве препознаваат преку призмата на електричните автомобили, но, всушност, тоа не е Вашата примарна работа?

- Advertisement -

Ние секогаш сакаме тоа да биде помалиот дел од нашата работа. Таму каде што можеме да постигнеме поголем развој и да продадеме многу поголеми количини се системските компоненти и кон тоа е насочена сега целата компанија – трансформација од малосериско производство во големосериско производство на компонентите и погонските системи.

Откако со години одбивавте да се преселите од Хрватска и да ја преселите и фабриката од Света Недела, неодамна, сепак, одлучивте да учествувате во изградбата на фабрика за автомобили на електричен погон во Кина. Зошто?

Ние избравме стратешки партнер од Кина токму затоа што Кина е најголемиот пазр за електрични автомобили и други превозни средства – камиони, бродови, автобуси итн. Но, компанијата во Кина ќе служи исклучиво за кинескиот пазар. Тоа што ќе се произведе таму ќе се продава само во Кина, додека од Хрватска и понатаму ќе работиме за другите пазари.

Иако сте стопроцентен извозник, работите во Хрватска според хрватски закони. Што би смениле најпрвин кај регулативата за да му помогнете на претприемништвото во земјата?

Кај нас се некако се сведува на реакција или се смета дека кога ќе дојде некој инвеститор, најголема чест е да се сретне со премиерот, со некои министри. Но, мене тоа ми е сеедно, на претприемачите и на другите компании им е сеедно со кого ќе се сретнат. Наместо тоа треба да се направат услови кои се соодветни, да им се најде локација, да се решат сите проблеми итн.

За крај, ќе му дозволите ли на Ричард Хамонд да го испроба и Concept Two?

Хахаха. Навистина би сакал Ричард да направи уште еден тест на автомобилот. Сигурен сум дека тој и би сакал, но овој пат можеби на рамен пат, хехе.

Сподели!
- Advertisement -