Пред да почине познатиот физичар Стивен Хокинг го предвидел крајот на светот

- Advertisement -

Пред да почине Стивен Хокинг работел на револуционерна студија во која го предвидува крајот на светот и сакал да ја докаже теоријата за постоењето на повеќе универзуми. Коавторот на студијата, професорот Томас Хертог од Католичкиот универзитет Лојвен од Белгија, вели дека работата на Хокинг е толку битна што Хокинг за неа можел да добие и Нобелова награда, пренесува Inhabitat.

Студијата на Хокинг се вика „Лесен излез од вечна инфлација“ (A Smooth Exit From Eternal Inflation) ги анализира начините на кои луѓето можат да идентификуваат паралелни универзуми, односно познатата теорија за мултиверзуми. Тој пишува дека теоријата може да се докаже со сонди поставени на весленски бродови. Исто така, дава своја теорија за крајот на овој универзум и тврди дека крајот на овој свет ќе дојде кога ѕвездите ќе снемаат повеќе енергија.

- Advertisement -

Неговата студија моментално е на разгледување кај еден познат научен весник и иако нема сомнение дека ќе има огромен придонес за тоа како го разбираме светот околу нас, за жал, Хокинг нема да може да добие Нобелова награда за ова негово дело.

Сподели!
- Advertisement -