Научници од Харвард открија начин на кој на луѓето ќе може да им се регенерира телото

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Харвард открија ДНК прекинувач, односно некодирана ДНК која кај црвите управува со активација на главниот управувачки ген наречен EGR. EGR генот функционира како прекинувач за аквитирање на регенерацијата, па црвите можат да се регенерираат дури и ако се пресечени на половина.

Сличен механизам за регенерација постои и кај други животни, па на гуштерите саламандер може да им израсне нова нога, а на други гуштери може да им израсне нова опашка за само два месеци. Кај ланарните црви, медузите и морските анемони регенерацијата е уште поголема и им овозможува регенерирање на целотот тело кога се пресечени на половина.

- Advertisement -

Д-р Манси Шривастава, асистент професор по оргизмичка и еволуциска билогија на Харвард, вели дека научниците дошле до можноста за зголемување на тој ген. Научниците потоа вршеле две студии на црви од видот хофстенија мијамија, кои се познати по способноста за целосно регенерирање.

Она што е од круцијална важност е дека луѓето исто така имаат EGR, кој се создава кога треба да се поправат некои клетки. Научниците сега веруваат дека тој клучен ген на поинаков начин е поврзан кај луѓето и животните, па се обидуваат да пронајдат начин како да се унапреди неговата способност за регенерација.

- Advertisement -

Докторот Ендрју Герке мисли дека одговорот лежи во некодираните делови од ДНК за кои некогаш се мислело дека не прават ништо, додека новите истражувања покажуваат дека имаат голема улога. „Само 2% од геномите произведуваат протеини, а ние сакаме да откриеме што прават останатите 98% од геномите во текот на регенерацијата на телото“ вели Герке.

Ако луѓето можат да го вклучат EGR кога имаат повредени клетки, зошто не можеме да се регенерираме? Одговорот можеби лежи во EGR. Ако тој е прекинувачот кој ја активира регенерацијата, тогаш сигналите кои EGR им ги дава човечките клетки можеби се различни од наредбите кои ги дава на клетките на црвите хифстенија мијамија. Со други зборови, доколку може да се модифицира склопот за регенерација кај луѓето, еден ден во иднина можеби би можеле да регенерираме цели ткива, органи, па и цело тело.

Сподели!
- Advertisement -