Организацискиот тим на Spark.mе, една од најголемите конференции за маркетинг во Југоисточна Европа, која се одржува од 26 до 27 мај во Будва, Црна Гора (со серија на специјализирани работилници закажани за 25. мај), го објави името на новиот говорник на Spark.me 2018 конференцијата. Се работи за Бојд Малтерер, поранешниот главен инженер за Xbox конзолата кој е основач на Xbox Live i XNA service.
Работејќи во рамки на Xbox тимот, Малтерер во 2000 година го започна и четири години управуваше со Xbox Live, онлајн платформа која ги поврзува играчите и овозможува споделување на мултимедијални содржини. Во 2004 година го основаше XNA, сервис на алатки кои им овозможуваат на програмерите и дизајнерите многу полесно и поефикасно да ги развиваат игрите. Овој сервис го воспостави C# како основен програмски јазик во развојот на игри. При крајот на својот ангажман во Microsoft, Малтерер водеше тим кој се занимава со оперативен систем за Xbox One конзолата во чија надлежност беа сите клучни елементи на платформата.
Откако го напушти Microsoft во 2014 година, Малтерер се занимава со истражување и создавање на оперативни системи за IoT, а користејќи ги знаењата стекнати при работата во рамки на Xbox тимот, денес се фокусира на безбедноста, како и на зголемување на ефикасноста и едноставноста на програмирањето. Тој до сега има пријавено околу 50 патенти од кои веќе 26 се официјално одобрени. Има управувано со различни типови на проекти, од мали до оние со буџети од 100 милиони долари.
Претходно организаторите на Spark.me ги објавија имињата на другите главни говорници на конференцијата – Марк Шејфер, кој е еден од водечките светски стратези во областа на маркетинг на социјалните медиуми, како и Кери О’Шеј Горгон која е директорка за стратегии во MarketingProfs – водечки извор на информации за повеќе од 600.000 маркетинг професионалци ширум светот и водителка на Marketing Smarts подкастот. Во наредниот период ќе бидат објавени и имињата на останатите говорници на конференцијата.
Билетите за конференцијата Spark.me 2018 можат да се купат на официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me. Целосната цена на билетот е 300 евра, но сите заинтересирани можат да го набават својат билет и по промотивна цена од 150 евра до 18 февруари. Овој билет вклучува пристап до сите предавања на 26 и 27 мај, сите работилници на 25 мај, на стартап натпреварот од 26 до 27 мај, ручек во хотелот Медитеран на база на шведска маса за двата дена на конференцијата, освежување на сите кафе паузи во текот на целата конференција, како и коктел прием на 26 мај. Во цената на билетот не е вклучен превоз и сместување.
Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење во понудата има и студентски билети наменети за средношколците и редовните студенти, постдипломците и докторантите помлади од 27 години, чија цена изнесува 50 евра. Купените билети можат дополнително да се пренесат и на друг учесник односно да се промени името, но парите не можат да се рефундираат.
Конференцијата Spark.me ќе се одржи по шести пат во хотелот Медитеран во Будва, Црна Гора. Во склад со желбата секоја година дополнително да се збогатува програмата, организацискиот тим на конференцијата за учесниците припреми и серија бесплатни работилници од областа на маркетинг и претприемништво кои ќе се одржат на 25 мај во хотелот Медитеран.
Организатор на Spark.me конференцијата е компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годишно во Будва. Spark.me им нуди можност на учесниците да научат за актуелните трендови во областа на маркетингот, технологијата и бизнисот од светски познати експерти и да остварат контакт со преку 550 учесници на конференцијата од повеќе од 20 држави во светот меѓу кои ќе се најдат и лидерите од бизнис светот, светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење.
За повеќе информации околу Spark.me, посетете ја официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme , профилот на Twitter twitter.com/sparkdotme, како и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.