Официјално најавена новата авиолинија Истанбул – Охрид од 15 април

- Advertisement -

Нова сезонска линија ИстанбулОхрид-Истанбул ќе биде воведена од 15 април годинава, најавија денеска на прес-конференција на истанбулскиот аеродром, ТАВ Аеродроми, авиокомпанијата Onur Air и туроператорот Tatilbudur.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој, потенцира дека ова нема да бидат само туристички летови, туку и добра конекција меѓу двете земји од бизнис аспект, но исто така и за патувања со цел посети на роднини и пријатели.

- Advertisement -

Воспоставувњето сезонска авионска линија е резултат на преговорите што авиокомоанијата ги имаше со македонската Влада како обид за привлекување што поголем број гости на охридската ривиера. Авиокомпанијата Onur Air ќе лета на релација Истанбул-Охрид од 15 април до октомври еднаш неделно.

Резервацијата и продажбата на авиобилетите е достапна на веб – страниците: www.onurair.com и www.tatilbudur.com.

- Advertisement -

На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид минатата 2017 година пристигнале рекордни 159.072 патници, што претставува зголемување за 9,7% споредбено со годината претходно.

- Advertisement -

Авиокомпанијата „Онур Ер“ оперира со 24 авиони што летаат на речиси 40 дестинации, како низ Турција така и на меѓународни летови. Во Европа „Онур Ер“ моментално има директни авионски линии за Русија, Франција, Германија, Австрија, Холандија и Украина.

Турските гости претставуваат значаен сегмент во вкупниот број гости кои престојувале во Македонија. Минатата година Македонија ја посетиле 129.708 турски туристи, што е зголемување за 22,7% споредбено со 2016 година. 

Сподели!
- Advertisement -