-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

За 10 години отсега ќе има три пати повеќе пластика во океаните?!

Kabtel desktop

Пластиката во океаните може да се зголеми трипати до 2025 година, се вели во најновиот извештај на владата на Обединетото Кралство. Во извештајот „Превидлива иднина на морето“ се вели дека морската средина се соочува со досега невидена промена како резултат на директните човечки активности и климатските промени. Авторите на извештајот повикуваат на понатамошни истражувања. Професорот Едвард Хил од Националниот океанографски центар на Обединетото Кралство изјави за BBC: „Навистина ни треба мисија за океаните на Земјата – тие се последната граница“.

Според Хил, океаните се суштински важни за нашата економска иднина. Девет милијарди луѓе на Земјата можат многу лесно да се свртат кон океаните за повеќе храна, а сепак ние знаеме многу малку што има внатре. Инвестираме толку многу пари и ентузијазам во мисии до вселената, во која нема живот, а океаните вријат со живот, пренесува Inhabitat.

Извештајот препорачува намалување на загадувањето со превенирање пластиката да дојде до океаните, да се користи биоразградлива пластика или да се креираат кампањи за подигнување на јавната свест за заштита на океаните. Исто така, се потенцира дека океаните се соочуваат и со други закани освен загадувањето со пластика. До 2100 година тие може да се загреат за 1,2 до 3,2 степени Целзиусови, во зависност од емисијата на гасови, а тоа ќе доведе до уништување на коралните гребени и изумирање на рибите кои живеат во ладните води. Затоплувањето на океаните веројатно ќе резултира со појавување нови видови риби во водите на Обединетото Кралство, додека морскиот биодиверзитетот ќе претрпи последици од климатските промени и од преголема експлоатација.

Сепак, глобалната економија од океаните ќе се дуплира на 3 трилиони долари до 2030 година, поради можностите за рударење во длабочините на морињата и океаните. Авторите на извештајот препорачуваат да се направи точна и корисна проценка што кријат океаните и морињата, потенцијалот за развој на производи и услуги кои произлегуваат од морето, како што се производство на храна, заловување на јаглерод диоксидот, поддршка на човечкото здравје итн.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!