Цукерберг се огласи за инволвираноста на Facebook во скандалот со податоци на корисниците

- Advertisement -

Конечно соосновачот и извршен директор на Facebook, Марк Цукерберг, ја проби тишината и одговори на скандалот со злоупотреба на податоците на корисниците на социјалната мрежа од Cambridge Analytica, кој тресе светската јавност веќе неколку дена. Со цел да докаже колку добро е информиран за се во врска со ситуацијата Цукерберг направи детална временска рамка на настаните.

Имаме одговорност да ги заштитиме вашите податоци и доколку не можеме да го направиме тоа, не заслужуваме да бидете со нас. Напорно работам да откријам што се случило и да се сосигурам дека никогаш повеќе нема да се случи“ напиша Цукерберг во објава на неговата Facebook страница.

- Advertisement -

Цукерберг потоа детално ги објаснува настаните кои водат до оваа ПР катастрофа и катастрофа во поглед на безбедноста. Почнува со тоа како Facebook порано, околу 2007  година, им дозволуваше на корисниците да ги споделуваат профилите на пријателите и нивните информации со трети страни. Тоа се промени во 2014 година. Потоа објаснува дека квизот за личност на универзитетскиот професор на Кембриџ, Алекдандар Коган, се појавил во 2013 година. Тој квиз во форма на апликација го инсталирале 300.000 луѓе кои ги споделиле своите податоци, како и податоци од нивните пријатели. Со оглед на начинот на кој работеше Фејсбук  во тоа време, Коган можел да пристапи до десетици милиони податоци од нивните пријатели.

Цукерберг признава дека од The Guardian во 2015 година го информирале дека Коган ги споделил податоците на 50 милиони корисници на Facebook, кои ги добил преку квизот на Сambridge Analytica. Facebook потоа принудно ја затворил апликацијата и двете страни морале да потврдат дека ги избришале тие ФБ страници. На крај Цукерберг тврди дека минатата недела од неколку написи на Интернет дознал дека податоците не биле избришани и договорот бил прекршен Всушност, тој признава дека податоците биле искористени во предизборната кампања на Трамп. „Имаше прекршување на договорот меѓу Коган, Cambridge Analytica и Facebook“, вели тој.

- Advertisement -

Цукерберг напиша: „Имаше и прекршување на договорот меѓу Facebook и луѓето кои ги споделуваат податоците“.

Извршниот директор нa Facebook вети дека ќе ја смени платформата поради овој пробив.

- Advertisement -

Што ќе направи?

Прво, ќе ги испитаме сите апликации што имале пристап до големи количини информации пред да ја смениме нашата платформа за драматично намалување на пристапот до податоци во 2014 година, и ќе спроведеме целосна ревизија на која било апликација со сомнителна активност. Ако пронајдеме девелопери кои злоупотребиле лични информации, ќе им забраниме пристап и ќе им кажеме на сите погодени од тие апликации. Ова ги вклучува луѓето чии податоци Коган ги злоупотребил.

Второ, ќе им го ограничиме пристапот до податоците на девелоперите за да спречиме други видови злоупотреби. Ќе ги намалиме податоците што ги давате на апликациите кога се логирате – ќе се бара само вашето име, фотографија на профилот и е-адреса. Ќе има повеќе промени за споделување во наредните неколку дена.

Трето, сакаме да бидеме сигурни дека разбирате кои апликации сте дозволиле да пристапат до вашите податоци. Во наредниот месец ќе им покажеме на сите алатка на горниот дел од „Њуз фид“, со апликациите што сте ги користеле и лесен начин за откажување на вашата дозвола за овие апликации да ги имаат вашите податоци.

„Сакам да ви се заблагодарам на сите што продолжувате да верувате во нашата мисија. Работиме заедно за градење на оваа заедница. Знам дека е потребно подолго време за поправање на проблемите, но ви ветувам дека ќе работиме и ќе изградиме долгорочна добра услуга“.

Сподели!
- Advertisement -