Јужна Кореја ќе мора да почне да им ги исклучува компјутерите на луѓето за да си заминуваат од работа, со цел да се спречи трендот на претерана прекувремена работа и да се врати балансот меѓу работата и приватниот живот кај луѓето, пишува Светскиот економски форум.
Владата на Јужна Кореја ќе го спроведува планот во фази. За почеток, владата ќе ги исклучува компјутерите на луѓето во точно 20 часот. Потоа, по неколку недели, ќе почне да ги исклучува компјутерите во 19.30 часот, за на крај сите компјутери да се гаснат во 19 часот секој петок.
Јужна Кореја ќе ја забрани и фамозната работна недела од дури 68 часа за да се поттикне фокусирањето кон семејството. Со тоа Јужнокорејците ќе имаат нормална работна недела од 40 часа со максимум 12 часа прекувремена работа.