- Advertisement -
Facebook тоне во се поголеми проблеми. Поради скандалот со собирање и продажба на податоците за корисниците, од понеделникот досега, компанијата изгуби 50 милијарди долари од пазарната вредност. Падот на цената на акциите на берза не го ублажи ни основачот на Facebook, Марк Цукерберг. Тој се обиде да купи време со извинување на корисниците и ветување дека ќе воведат построги правила. На земјите кои го повикуваат Цукерберг на одговорност се приклучи и Германија, пренесува Zimo. Тие сакаат Марк Цукерберг или неговите соработници да им објаснат зошто податоците за милиони корисници завршиле во погрешни раце. „Неприфатливо е корисниците да добијат строгу услови и на крајот само да го прифатат тоа или да останат без услугата. Мора да постои начин корисникот јавно да може да искаже дали прифаќа неговите податоци да се пренесуваат понатаму“ вели Катарина Барли, германска министерка за правосудство.Цукерберг по неколку дена молчење најави најстрога проверка на илјадниците апликации на Facebook. Нивните автори нема да имаат пристап до податоците, а корисниците ќе можат полесно да се заштитат.
За да можете да ги заштитите вашите податоци на Интернет имате неколку можности. Прво, пролетно чистење на вашиот профил. Изберете ги поставките и ставките на апликациите. Потоа избришете ги апликациите кои сте заборавиле дека ги имате, а тие цело време собираат податоци за вас. Освен тоа, некои од информациите за вас се достапни на други луѓе кои ги користат апликациите, па и тоа можете да го исклучите.
Најрадикално решение е бришење на вашиот профил. Од компанијата напоменуваат дека тој процес може да трае и до 90 дена. Но, кога еднаш сте ги споделиле податоците со некоја апликација, тие ќе останат достапни таму дури и ако ја избришете апликацијата. Ви останува само директно да ја контактирате компанијата која ја направила апликацијата и да побарате да ги отстрани вашите податоци. Facebook не нуди помош за такво нешто.
- Advertisement -