Научници сакаат да ја разладат Земјата со помош на сол

- Advertisement -

Може ли солта да помогне да се реши проблемот со климатските промени? Научникот Роберт Нелсон од Институтот за планетарни науки мисли дека тоа е возможно. На неодамнешната научна конференција Lunar and Planetary Science Conference во Тексас, Нелсон кажа дека прскањето сол над облаците може да ја задржи сончевата светлина и топлина и да ја разлади планетата Земја. Но, како и многу геоинженерски идеи и оваа е обвиена во контроверзии, пишува Inhabitat.

Според Нелсон, прав од сол инјектирана во горниот дел од тропосферата може да ублажи некои од ефектите на климатските промени. Неговиот предлог не е многу поразличен од некои научници кои сакаат да стават микроскопски честички во стратосферата за да ја рефлектираат сончевата светлина назад во вселената. Така се имитира ефект на вулкански ерупции кои привремено ја разладуваат Земјата.

- Advertisement -

Но, идејата на Нелсон веројатно е побезбедна од другите. Овој искусен научник ги исфрлил од предвид алуминиум и сулфур диоксидот затоа што алиминиумот може да доведе до хронични болести и да се вгнезди во белите дробови ако го вдишиме, додека сулфурот може да предизвика кисели дождови и еродирање на озонската обвивка.

Наместо тоа, неговиот план се базира на она што сите го користиме секојдневно – солта. Солта е поефективна од алиминиумот, а многу побезбедна за луѓето. Нелсон мисли дека доколку солта се искрши на честички со соодветна форма и големина и се посипе над облаците,  нема да ја блокира инфрацрвената топлина која ја емитува Земјата.

- Advertisement -

Вулканологот Метју Вотсон од Универзитетот Бристол е еден од научниците кои тврдат дека оваа теорија на Нелсон има потенцијални проблеми. Вотсон предводел експеримент во кој тој и тимот сакале да инјектираат сол во стратосферата, кој подоцна бил укинат. Проблемот бил во тоа што солта содржи многу хлор, кој може да ја уништи озонската обвивка. Понатаму, бидејќи во атмосферата има ограничена количина влага, а солта ја впива секоја влага, дури и мала количина сол може да предизвика креирање облаци од чад, чии последици не се познати.

Нелсон можеби може да го надмине тој проблем со инјектирање сол во тропосферата наместо во стратосферата, но, во секој случај луѓето секако треба да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид.

Сподели!
- Advertisement -