SoFi – волшебна риба-робот која на научниците ќе им ги открие тајните на морските длабочини
- Advertisement -
Изгледа како риба и плива во морето како и останатите риби, но не е риба. Научниците од МИТ ја направија и успешно ја тестираа рибата-робот Soft Robotic Fish, односно SoFi, која во иднина може да ни открие бројни тајни од подморскиот свет. Овој робот е посебен по тоа што со својот изглед и своето движење ги имитира вистинските риби. SoFi во текот на тестирањето воопшто не ги зачудила ниту ги исплашила вистинските риби затоа што тие не ни забележале дека има разлика меѓу нив и SoFi.Рибата-робот има хидраулична пумпа која го придвижува опашот од една на друга страна, имитирајчи го начинот на пливање на рибите. Исто така, бидејќи нема мотор и не создава бука, SoFi совршено се вклопува во подморскиот амбиент и не ги плаши рибите и другите морски организми, пренесува Zimo.Благодарение на тоа што најголем дел од деловите на SoFi се направени со 3Д принтер, производството на оваа риба-робот не е скапо и е релативно едноставно, а во внатрешноста на роботот освен хидраулична пумпа се наоѓа и мал компјутер базиран на Linux, камера и батерија како тие во паметните телефони, благодарение на која може да плива околу 40 минути, по што треба да се полни батеријата.
Целата електроника е сместена во непропусни прегради, кои можат да издржат големи промени во притисокот додека рибата плива кон површината или се нурнува во длабочините. Со рибата управува нуркач кој има посебен контролер.Од објавените видеа може да се види дека научниците од МИТ завршиле одлична работа со SoFi. Тие велат дека ќе продолжат да ја развиваат рибата-робот, која во иднина би можела да плива побрзо, да снима и да пренесува видеа, па дури и да препознава одредени видови риби и да ги следи.Конечната цел на научниците со овој робот е да развијат инструменти кои на биолозите ќе им помогнат во проучувањето на океаните и морињата и светот во нив без да го вознемируваат подморскиот живот.