Уште 32 летови од македонските аеродроми. Каде се може да летаме од Скопје и Охрид?

- Advertisement -

Стапи на сила летниот ред на летање во Македонија. Има нови сезонски дестинации и зголемена фреквенција на постојните релации. Авиопревозниците бележат дополнителни 32 лета кон повеќе дестинации до кои и со зимскиот ред вршеа редовен авиопревоз

Со сегашната мрежа од 38 дестинации на 13 редовни авиокомпании од скопскиот аеродром за патниците се достапни Барселона, Базел, Белград, Берлин, Братислава, Брисел, Будимпешта, Келн, Копенхаген, Доха, Дортмунд, Дубаи, Ајндховен, Франкфурт, Фридрихшафен, Гетеборг, Хамбург, Хановер, Истанбул (со двата аеродрома-Ататурк и Сабиха Гокчен), Љубљана, Лондон, Малме, Малта, Милано, Минхен, Нирнберг, Осло, Париз, Прага, Рим, Стокхолм, Векше, Венеција, Виена, Варшава, Загреб и Цирих. Овие релациии ги опслужуваат авиокомпаниите: Виз ер, Ер Србија, Катар ервејс, Флај Дубаи, Туркиш ерлајнс, Пегасус ерлајнс, Адриа ервејс, Чех ерлајнс, Аустриан ерлајнс, ЛОТ Полиш ерлајнс, Кроација ерлајнс, Еделвајз и Германија Флуг АГ.

Како што најавуваат од ТАВ Македонија, концесионер на македонските аеродроми, покрај редовните линии од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ за Базел, Цирих и Лондон, од ноември годинава Виена ќе биде нова дестинација на „Виз ер“.

- Advertisement -

Во текот на летната сезона во 2018 година, од април-мај до октомври, ќе има дополнителни сезонски дестинации кон Амстердам, Брисел, Тел Авив, Катовице, Варшава, Талин и Истанбул кои ќе ги опслужуваат авиокомпаниите: „Виз Ер“, „Германија Флуг“, „Аркиа, „Брисел ерлајнс“, „Корендон“, „Дач ерлајнс“, „Смол планет ерлајнс“, „Ентер ер“, „Нордика“, „Онур ер“ и„ ТУИ флај“.

На Меѓународниот аеродром Скопје, „ЛОТ Полиш ерлајнс“ ќе влезе на пазарот, со отворање на новата рута Варшава-Скопје-Варшава, почнувајќи од 1 јуни годинава. Варшава ќе биде нова дестинација од скопскиот аеродром, која досега не била опслужувана од македонскиот главен град. Ќе се опслужува шест пати неделно во текот на летото и четири пати неделно во текот на зимската сезона.

- Advertisement -

„Очекуваме фреквентна сезона на охридскиот аеродром. Ќе имаме четири нови сезонски дестинации: Варшава, Талин, Ајндховен и Истанбул“, вели за МИА генералниот извршен директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој.

Полскиот тур-оператор „Рего бис“, кој ги отвори сезонските летови Охрид—Катовице минатата година, најави дека ќе отвори втора дестинација – Варшава, естонската авиокомпанија „Нордика“ ќе почне сезонски летови од Талин до Охрид, холандскиот тур-оператор „ТУИ“, кој веќе лета од Амстердам, ќе ги прошири своите операции во Охрид, воведувајќи го Ајндховен како нова дестинација.

- Advertisement -

Последна најавена нова дестинација од Охрид во 2018 година е Истанбул. Како што неодамна објави ТАВ ќе биде лансирана од „Онур ер“ во соработка со тур-операторот Татилбудур. – Очекуваме овие летови од Истанбул да бидат не само туристички, туку и добра врска меѓу двете земји од деловен аспект, како и за посети на роднини и пријатели, потенцира Ерсој.

Од ноември 2018, Виз ер ќе воведе нова линија од Охрид до Виена, која ќе се опслужува во текот на целата година.

Од АЦВ информираат дека со новиот ред на летање од два на седум лета неделно ќе се зголеми сообраќањето на „Ер Србија“ на релацијата Белград-Скопје, на „Кроациа ерлајнс“ на релацијата Загреб-Скопје и обратно, како и на „Адриа ервејс“ на релацијата Љубљана-Скопје, Скопје-Љубљана.

„Авиокомпанијата „Еделвејз“, исто така, го зголеми бројот на летови, од два на пет неделно, на релацијата Цирих-Скопје, Скопје-Цирих. „Пеагсус ерлајнс“ со еден лет плус оваа сезона ќе лета од Скопје до Истанбул и обратно, а „Флај Дубаи“ наместо со два оваа сезона ќе оперира со три лета неделно, на релација Дубаи-Скопје и обратно. И „Германија флуг АГ“ го зголеми бројот на летови оваа сезона со по уште еден неделно, на релациите Цирих-Скопје, Скопје-Цирих и Цирих-Охрид, Охрид-Цирих. Со дополнителни девет лета оваа сезона ќе оперира нискобуџетниот авиор превозник „Виз ер“, наведуваат од АЦВ.

 

Сподели!
- Advertisement -