Оваа електронска „кожа“ може да се поправи самата себе, а потоа и да создаде нова „кожа“

- Advertisement -

Сo цел електронските уреди да станат поеколошки за околината, истражувачите креираа еден вид електронска кожа која може целосно да се рециклира. Е-кожата исто така може и самата да се поправи во случај да се скине. Кожата, всушност, е тенок слој опремен со сензори за мерење притисок, температура, влажност и проток на воздух.

Слојот кожа е направен од три комерцијално достапни состојки измешани заедно и обрабени со сребрени наночестички. Кога кожата ќе се пресече на два дела и овие три состојки се додадат на „раната“, е-кожата сама се поправа создавајќи хемиски врски меѓу двете страни.

- Advertisement -

На овој начин е-кожата е иста како нова. Доколку кожата се искине толку да не може да се поправи самата, едноставно треба да се потопи во раствор кој ќе ја врати во течна состојба и материјалите повтoрно може да се искористат за нова кожа. Во иднина оваа електронска кожа ќе може да се користи во протетиката, роботиката или за паметни ткаенини, пишува The Verge.

Многу лаборатории во светот развиваат е-кожи. Една таква кожа креирана во Европа, на пример, им овозможува на корисниците да манипулираат со виртуелни предмети без да ги допираат со помош на магнети, додека друга од Јапонија може да претвори една паметна маичка во контролор на видеоигри.

- Advertisement -

Најновиот вид електронска кожа е посебен затоа што може да се рециклира. Тоа е дополнителен бонус затоа што годишно се создаваат милиони тони електронски отпад кој може да содржи токсични материјали. Рециклирањето на новата кожа трае само 40 минути на температура од 60 степени Целзиусови или 10 часа на собна температура.

Сподели!
- Advertisement -