ВИДЕО: Ова е првата целосно роботизирана фарма во светот

- Advertisement -

Технологијата се менува и напредува многу брзо, а тоа ние не го ни забележуваме. Пример се роботите кои ја одржуваат оваа фарма на многу ефикасен и економичен начин. Компанијата Iron Ox во Сан Карлос ја отвори својата прва автоматизирана фарма за билки и тврди дека нејзиниот хидропонски систем може да оствари 30% поголемо производство во споредба со традиционалните фарми, а притоа да потроши дури 90% помалку вода.

Кога билките на пораснат, роботот ги носи до простор за обработка. Исто така, роботска рака може да ја премести малата билка таму каде што има повеќе простор. Со тоа се оптимизира искористеноста на просторот затоа што на билките во текот на растот им треба простор.

- Advertisement -

Соосновачот и директор на компанијата Iron Ox, Брендот Александер, открива дека сака да направи уште вакви мали фарми во близина на градските центри за производите да стигнуваат во продавница што е можно посвежи.

Роботите имаат можност за машинско учење, а вештачка интелигенција ги открива штетниците и болестите кај билките. Исто така, роботите можат да ги отстранат заразените билки за да не дојде до ширење на проблемот. Производството се врши под ЛЕД светла, но се тежнее кон изградба на пластеници со природна светлина за да се искористи бесплатната сончева енергија. Крајната цел на компанијата е да направат што поздрави и поевтини производи. Засега се одгледува само листест зеленчук, но производството може да се прошири на домати и друг зеленчук.

Сподели!
- Advertisement -