Десет високо платени професии за кои не знаевте дека постојат

- Advertisement -

Секој знае што работат докторите или пожарникарите, но дали некогаш сте слушнале за човек кој лечи со техниката ајурведа или за хипотерапевт? Овие професии не се чести, но затоа пак се вистински и многу добро платени.

Еве неколку професии за кои можеби не сте знаеле дека воопшто постојат или дека се толку високо платени.

- Advertisement -

1. Консултант за фенг шуи

Еден консултант за фенг шуи, годишно во САД може да оствари и до 250 000 долари приход. Фенг шуи е древна, кинеска практика која е комбинација од филозофија, наука и уметност. Доколку имате силна енергија и можете да им помогнете на луѓето да си ја пронајдат рамнотежата во животот, земете ја предвид оваа професија.

- Advertisement -

Консултантите за фенг шуи ги посетуваат домовите или канцелариите на клиентите со цел да придонесат кон постигнување хармонија и организација на мебелот според традициите на фенг шуи.

Еден начин како да станете консултант за фенг шуи е преку онлајн курсеви со што ќе добиете сертификат.

- Advertisement -

2. Специјалист за ветеринарна акупунктура

Акупунктурата не е само за луѓе, а веќе и многу ветеринари се лиценцираат за оваа професија. За да се добие ваква лиценца, заинтересираните прво мораат да завршат ветеринарен факултет. Се претпоставува дека овие професионалци годишно заработуваат и до 100 000 долари во САД.

Тие работат со тоа што вметнуваат мали игли во специфични делови од телото на животното за да стимулираат активност на нервите, да ја ослободат болката или да ја зголемат циркулацијата.

3. Сертифициран етички хакер

Секторот за сајбер безбедност е многу добро платен, а сертифицираните етички хакери дефинитивно држат едни од најважните позиции.

Оваа професија е уште позната и како тестер за безбедност и се работи за специјалност која е потребна во секоја индустрија ако се земе предвид навлезеноста на технологијата во сите области. Сертифицираните етички хакери се платени за намерно да хакираат компјутери со цел да ги откријат слабите точки на системот.

4. Хипотерапевт

Хипотерапевтот, како што ни кажува и самото име, работи со хипотерапија односно користење на коњи во лечењето на пациенти. Името на практиката потекнува од латинскиот збор hippo што значи коњ.

Науката покажала дека кога луѓето минуваат време грижејќи се за коњи или јаваат, значително им се подобруваaт физичката и психолошката состојба. Хипотерапијата е професија во подем, а користејќи го овој тип на терапија, терапевтите се поврзуваат со своите пациенти на многу подлабок начин.

5. Тестер на сладолед

Дали често купувате големи пакувања на сладолед кои потоа долго ви стојат во замрзнувачот? Сигурно не сте знаеле дека некој кој го тестирал и коментирал тој вкус на сладолед пред да се пушти во продажба, бил платен за тоа.

Оние кои тестираат сладоледи уште се познати и како тестери на храна, научници за храна или флаворолози. Тие постојат за да дегустираат различни видови на храна и да ги коментираат изгледот, мирисот, вкусот и текстурата.

Во САД, овие специјалисти заработуваат од 40 000 до 100 000 долари годишно.

6. Нуркач за голф топчиња

Ако сте подготвени денот да го минувате под вода барајќи голф топчиња, ова е вистинската професија за вас.

Според CNN, посветен нуркач за голф топчиња може да заработи и до 150 000 долари годишно во САД. Во просек, на едно нуркање се пронаоѓаат околу 5 000 голф топчиња кои завршиле во вода при играњето голф, а истите можат да се продадат по околу 75 центи за парче.

Оваа професија носи и одредени ризици, па во зависност од локацијата на теренот за голф, водите околу теренот можат да бидат дом на алигатори и други животни. Дефинитивно треба да се размисли дали се исплати ризикот.

7. Проктолог

Што е проктолог? Можеби не сте запознати со оваа медицинска професија доколку до сега не сте искусиле посериозен проблем со вашиот задник.

Овие доктори испитуваат и лекуваат медицински проблеми кои се јавуваат во задникот, ректумот или дебелото црево. Проктолозите уште се познати и како колоректални хирурзи, а оваа професија е една од најплатените во медицината со тоа што докторите можат да заработат и до 300 000 долари годишно во САД.

8. Консултант за работен трансфер во странство

Дали знаевте дека воопшто постои ваква професија? Очигледно, големите корпорации ангажираат вакви професионалци кога имаат случај некој од вработените да добие трансфер во подружницата во странство.

Задачата на овој консултант е да биде медијаторот кој ќе го олесни трансферот. Тие треба да овозможат трансферот да се изврши колку што е можно поефикасно без разлика дали се работи за локација во блиска или во далечна земја. Овие консултанти постојано соработуваат со специјалистите за човечки ресурси.

9. Ајурведа лекар

Покрај традиционалната медицина, постојат и некои холистички практики кои датираат уште од пред стотици години. Таква практика е ајурведата која потекнува од Индија и служи за балансирање на умот, телото и духот. Овие терапевтски лекари ја проценуваат добросостојбата на пациентите земајќи ги предвид и нивните диети врз основа на што предложуваат промени.

Многу популарни се курсевите, односно едукативните работилници за тренирање на ајуверда лекари. Во САД, овие професионалци можат да остварат заработка и до 80 000 долари годишно.

10. Клинички етичар

Сигурно сте слушнале за лекување со матични клетки и за клонирање. Се работи за дел од неколкуте контроверзни медицински теми, а професионалците како клиничките етичари имаат задача да го олеснат донесувањето на одлуки по овие прашања.

Клиничките етичари им помагаат на пациентите, нивните семејства и докторите да одговарат на комплексните прашања кои се јавуваат кога се работи за вакви или слични медицински процедури. Тие нудат правна и етичка помош и го истражуваат секој сегмент од прашањето непристрасно. Овие професионалци во САД заработуваат и до 80 000 долари годишно.

Сподели!
- Advertisement -