Пет бариери кои ве спречуваат да бидете одличен лидер

- Advertisement -

Никој не може да биде лидер, доколку не умее да слуша! Како што пишуваат авторите на книгата Како да комуницирате, слушањето е посветеност и комплимент. Посветеност на разбирање на чувствата на останатите и нивниот поглед на свет, што бара од вас да ги оставите на страна вашите предрасуди и верувања, вашите несигурности и личен интерес, за да можете да застанете во чевлите на другиот. Слушајќи им покажувате на луѓето дека нивните чувства и доживувања се важни.

Кога ќе ги идентификувате бариерите кои ве спречуваат да станете добар слушател и ќе се изборите со нив, ќе станете одличен лидер. Еве за кои бариери станува збор.

- Advertisement -

1. Читање на мисли

Лидерот кој претпоставува и мисли дека знае како  размислуваат и како се чувствуваат неговите подредени, тогаш посветува помалку внимание на нивните зборови и интонацијата кои пак откриваат многу за нивните размислувања и чувства.

- Advertisement -

2. Филтрирање

Некои лидери понекогаш слушаат само некои нешта, а други не. Најчестиот начин на кој тие го прават ова е кога одбегнуваат да го земат предвид негативното, критичкото и непријатното.

- Advertisement -

3. Осудување

Ова е голем проблем за многу лидери, особено кога мораат да се справат со луѓето во тимот кои ги сметаат за лоши вработени. Доколку предвреме окарактезираат некого како глупав или неквалификуван, тогаш воопшто не посветуваат внимание на зборовите кои тој вработен ги кажува. Ќе знаете дека и вие сте лидер кој осудува доколку веќе сте донесе одлука за нешто уште пред да го слушнете образложението.

4. Давање предлози

Можеби одлично ги решавате проблемите, секогаш подготвени за помош и предлози, но не секогаш е позитивно кога донесувате одлука или предлог, а претходно сте слушнале само неколку реченици од она што подредениот сакал да ви го пренесе. Слушајте го посветено, бидејќи можете да го испуштите најважниот дел од проблемот.

5. Да се биде во право

Ова е уште една слабост на лидерите: кога одат до крајност само за да се покаже дека тие не се грешка. Овие лидери не сакаат критичност, не сакаат да бидат поправени и не примаат предлози за промена.

Како да ги надминете овие бариери и успешно да го слушате вашиот тим?

За оваа намена се препорачува методот на парафразирање. Но најпрво мора да си признаете сами на себе дека имате проблем со сослушување на вашиот тим. Кога некој од тимот ќе сака да ви соопшти нешто за работа или неговите чувства и мисли поврзани со работењето, обидете се да ги користите следниве фрази во комуникацијата:

  • Дали сакаш да кажеш дека…?
  • Со други зборови….
  • Значи, се чувствуваш дека…
  • Да разберам, она што се случуваше е…
  • Она што се случи е…?
  • Дали мислиш дека….?

Користете го парафразирањето секогаш кога некој од тимот ќе сака да ви соопшти нешто важно. Кога ќе го направите тоа, ќе видите дека е многу потешко да „читате мисли“, да филтирате, да осудувате, да давате предлози, па дури и да се обидувате да докажете дека сте во право.

Како резултат на ова, вашите соговорници ќе се чувствуваат дека некој навистина ги слуша и ќе го ценат даденото внимание.

Сподели!
- Advertisement -