Google лансираше нова програма за шопинг

- Advertisement -
Google ја претстави Shopping Actions, нова иницијатива која е наменета да им помогне на трговците на мало да прават повеќе трансакции преку различни канали и да создаде подобро шопинг искуство за корисниците, се вели во објавата на компанијата.
Програмата веќе работи во САД и во неа може да учествуваат сите трговци на мало, а Google зема процент од секоја успешна продажба преку програмата. Shopping Actions им овозможува на трговците лесно да стигнат до консументите преку различни канали и да ги поврзе нивните шопинг искуства. Производите на трговците ќе се појавуваат при традиционално пребарување, како и преку Google Express и Google Assistant и сето тоа на различни уреди. Така ќе допрат до корисниците без разлика како тие преферираат да купуваат, пишува Business Insider.Во програмата има универзална кошница за шопинг која ги конектира кошниците на корисниците од различни канали. Еден корисник може да додаде нешто во својата кошница што го нашол при пребарување на Google.com, а потоа да додаде нешто што го нашол преку гласовно пребарување. Корисниците можат да купуваат се во исто време. Можат да ги мешаат производите без да мора да излегуваат од една кошница за да влезат во друга.

Вака корисниците можат да ги поврзат нивните сметки за лојални потрошувачи преку Google и да добијат персонализирани цени кај трговците. На пример, доколку еден потрошувач на Ulta во САД  ја отвори својата сметка за лојални потрошувачи преку Google, ќе му бидат понудени релевантни производи од Ulta при пребарување на производи за убавина на Google. Не само што вака корисниците ќе можат полесно да пристапат до омилените трговци, туку трговците ќе можат да вршат поредовна продажба. Освен тоа, ако некој корисник секој месец купува исти производи, Google ќе им ги понуди тие производи кога ќе процени дека треба да ги купат пак.

Од Google велат дека партнерските компании Target и Walmart веќе забележуваат добри резултати. Меѓу другите партнери се компаниите Home Depot, Costco и Ulta. Парнерите кои ја користат Shopping Actions бележат зголемување на потрошувачката кошница по корисник од 30%. Останува да се види дали и помалите трговци и брендови со помал избор на производи и помала корисничка база ќе имаат добри резултати со Shopping Actions.

Сподели!
- Advertisement -