Новиот тест за Алхајмерова болест е толку прецизен што може да ја предвиди болеста 30 години порано

- Advertisement -

Научници развија нов тест на крв со којшто мала капка крв е доволна за да се предвиди појава на Алцхајмерова болест однапред, а тоа значи дека ќе може и да се преземат превентивни мерки. Клучно за овој метод е дека го детектира присуството на депозити или плочки на бета амиолид, кој се смета за главен причинител на Алцхајмерова болест. Се досега беше речиси невозможно детектирањето на овие наслаги.

Сега тоа ќе се смени. Базирано на студија на 373 австралиски и јапонски пациенти наталожувањето на бета амиолид беше успешно детектирано кај 90% од пациентите со помош на новата процедура. „Од мала капка крв нашиот метод може да ги измери протеините врзани за амиолидот, дури и кога нивната концентрација е многу мала. Откривме дека соодносот на овие протеини е прецизен сурогат за товарот на амиолид врз мозокот“ велат од тимот научници од Shimadzu Corporation во Јапонија.

- Advertisement -

Се уште не е сигурно како почнува и како се развива Алхајмеровата болест, но ненормалните нивоа на бета амиолид и други протеини наречени тау играат огромна улога. Попрецизно, овие протеини почнуваат да се групираат и да се наталожуваат дури и кога нема симптоми на Алцхајмеровата болест како што е губењето на меморијата можеби 20 до 30 години пред да се појават, пишува Science Alert.

Сега се користат скапи процедури за екстракција на течност од рбетниот мозок за да се измерат нивоата на бета амиолид, но дијагностицирањето на болеста многупати се базира на видливите симптоми откако ќе се развијат. Токму затоа еден ваков систем за рано предупредување со многу мал примерок на крв може да биде револуционерен во раното откривање и третирање на оваа болест.

- Advertisement -

Кога луѓето ќе знаат дека постои опасност да заболат од Алцхајмерова болест, ќе го сменат начинот на живот односно спиењето, исхраната, физичката активност. Научниците велат дека во блиска иднина кај луѓето на возраст над 55 години на секои 5 години ќе се врши проверка за да се утврди дали се во опасност или не.

Сподели!
- Advertisement -