Кинеската вселенска станица Tiangong-1 ќе падне на Земјата идната недела

- Advertisement -

По неколку години чекање, првата кинеска вселенска станица Tiangong-1 ќе излезе од својата орбита наредната недела и ќе влезе во атмосферата на Земјата. Европската вселенска агенција прогнозираше дека вселенската станица ќе падне на Земјата во периодот од 30 март до 2 април, а сега се појави информација дека тоа ќе се случи на 1 април.

Tiangong-1 е причина за многу грижи, затоа што Кина веќе нема контрола над својата вселенска станица. Кинеските инженери не можат повторно да ги запалат моторите и да ја насочат станицата да падне во океан. Станицата Tiangong-1 беше прилично тешка – околу 8,5 тони кога ја лансираа во 2011 година, а поради тоа ќе стане еден од најмасовните објекти кои неконтролирано паѓаат на Земјата. За среќа, најголем дел од станицата ќе изгори во атмосферата, но сепак е можно поголеми делови да паднат на Земјиното тло.

- Advertisement -

Секако, шансите овие делови да погодат некого се екстремно мали, но експертите ја следат внимателно. И покрај тоа, тие не можат да знаат каде ќе падне се до денот кога ќе се случи тоа, а тоа може да биде каде било на поголемиот дел од Јужна Америка, Африка, Австралија, делови од Северна Америка, Азија и Европа. Станицата се движи со брзина 27.359 км/ч. Освен Европската вселенска агенција, станицата ја следат и НАСА, како и непрофитната организација Aerospace Corporation.

Сподели!
- Advertisement -