Македонскиот ајвар „Перустија“ планира ширење на рускиот пазар

- Advertisement -

Компанијата „Ларс“, која е производител на ајварот „Перустија“, од 25 до 28 март оствари работна посета на Москва, која вклучува контакти со повеќе трговски ланци и дистрибутери на храна на овој пазар.

„Рускиот пазар за нас е огромен предизвик и затоа овој настан и можноста да се запознаеме со спецификите на рускиот пазар и клучните играчи на истиот е од големо значење. Верувам дека контактите кои ги остваривме овие неколку дена во Москва ќе бидат клучни за идниот продор на нашите производи до руските потрошувачи“, изјави Дарко Нашко, генерален директор на „Ларс“ по посетата на Москва.

- Advertisement -

„Ларс“ е преработувачка компанија од Штип со 27-годишна традиција. Во својата палета ги има сите преработки од зеленчук, како и ајварот „Перустија“, кој се извезува во повеќе од 20 земји ширум светот. Годишниот извоз на ајварот „Перустија“ достигнува вредност од 6 милиони евра.

„Перустија“, која има 5 вкусови во својата палета: благ, лут и екстра лут црвен ајвар, зелен и жолт ајвар, е достапен за во САД, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Холандија, Германија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и многу други земји.

- Advertisement -

Работната посета на Москва е организирана од страна на Македонската асоцијација на преработувачи, а во неа учествуваа пет македонски преработувачки компании.

Сподели!
- Advertisement -