- Advertisement -
Мате Римац на 6 март на саемот во Женева го претстави својот најнов електричен хиперавтомобил C_Two, а деновиве автомобилот го претставува и на саемoт 2018 New York Auto Show во Њујорк. Хрватскиот производител на зелени возила Rimac automobili за британскиот сајт за автомобили Autocar потврди дека за само 3 недели од претставувањето на вториот електричен спортски автомобил на компанијата успеале да ја продадат целата планирана количина од 150 автомобили.
Овој податок е импресивен не само затоа што ја продале целата планирана количина, туку многу повеќе затоа што цената на Rimac C_Two е 1,7 милиони евра, а најголем дел од купувачите одлучиле да инвестираат дополнителни пари во додатната опрема која чини половина милион евра.
- Advertisement -