Отворање на програмата за претприемачи на семејството Битов во Скопје

- Advertisement -

Фондацијата на семејството Битов спонзорира нова образовна програма во соработка со CESO (Canadian Executive Service Organization) за првпат во Македонија

CESO (Canadian Executive Service Organization) е организација за економски развој, која соработува со партнери и клиенти за да создаде одржливи решенија за долгорочен економски и општестевен пораст. Благодарение на Фондацијата на семејството Битов, Македонија2025 во партнерство со CESO ја основа Програмата за претприемачи на семејството Битов, со цел да се поддржи развојот на македонските микро, мали и средни претпријатија (МСП). Програмата ќе биде официјално отворена на 17-ти април во Скопје.

 

- Advertisement -

По тој повод, Венди Харис – Претседателка и Главна извршна директорка на CESO, Лу Наумовски – член на Советот на експерти во Македонија2025 и еден претставник на Фондацијата на семејството Битов, ќе ги презентираат сите инволвирани страни во програмата, главните цели и придобивки за македонските компании.

Програмата има за цел да регрутира македонски компании кои имаат специфични потреби и потоа истите да се спојат со најсоодветен профил на канадски советници, кои ќе престојуваат од две до четири недели во Македонија за да ги советуваат компаниите. Индивидуалните задачи на советниците можат да бидат со определена компанија односно еден советник – една компанија или пак може да имаме еден советник кој ќе работи во повеќе компании одеднаш“, изјави Лу Наумовски, главниот иницијатор за воведување на програмата во Македонија.

- Advertisement -

CESO е организација посветена на економскиот развој. Со повеќе од 50 години искуство во развој на МСП низ целиот свет, нашето партнерство со Програмата за претприемачи на семејството Битов и Македонија2025 ќе биде одлична можност да се поддржат македонските бизниси на сеопфатен, одржлив и видлив начин.“, нагласува Венди Харис, Претседателка и Главна извршна директорка на CESO.

Сите македонски микро, мали и средни компании, кои работат во областа на финансии, туризам и угостителство, информациски технологии, агри-бизнис и менаџмент на природни ресурси, се добредојдени да аплицираат за програмата и да присуствуваат на официјалното отворање во Скопје.

Сподели!
- Advertisement -