Само 20% од Македонците купуваат онлајн, целта е да се достигне европскиот просек од 70%!

- Advertisement -

Денес официјално со работа стартуваше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија чија основна цел е да е-трговијата во Македоија да доближи до европските трендови. Според податоците од Државниот завод за статистика и Еуростат во 2017 година само 19.5% од Македонците со пристап до интернет купиле/нарачале нешто онлајн во последните 12 месеци додека просекот во ЕУ (28) изнесува 68%.

Од компаративната анализа може да заклучиме дека Македонците најмногу сакаат да го користат интернетот за социјални мрежи, телефонирање и играње игри, додека се далеку под просекот во користење на интернет за: праќање и примање емаил пораки, продавање производи и услуги, барање информации за производи и услуги, користење интернет банкарство и сл. Според НБРМ од вкупниот промет направен со платежни картички во РМ во 2017 година само 3% отпаѓа на вредност во е-трговија, 29% на ПОС терминали и дури 67% на подигнување и депонирање готовина од АТМ“, изјави д-р. Нина Ангеловска, претседател на првата Асоцијација за е-трговија на Македонија.

- Advertisement -

Вкупната остварена вредност во оналјн реализирани трансакции изнесува 105 милиони евра во 2017 година, од кои 71% се кон странски е-трговци. Според податоците на НБРМ во земјава има вкупно регистрирани 789 виртуелни продажни места кои работат за процесирање на трансакциите со една од 5те банки кои ја нудат оваа услуга.

“Според нашата анализа моментално се активни 578 веб страни на е-трговци. Во оваа вредност треба да имаме предвид дека се земени и плаќањата сметки преку е-commerce каналите за телефон, вода, струја, владини услуги и сл.“, допрецизираше Ангеловска.

- Advertisement -

Министерот за информатичкo општество и администрација Дамјан Манчевски најави поголема промоија на е-трговијата помеѓу крајните корисници и компаниите, подигнување на свеста на граѓаните за придобивките од овој тип на купување, помалку потрошено време, купување од било каде, во било кое време итн. Потребен е систематичен и холистички пристап во креирање на средина која ќе стимулира е-трговија, елиминирање на бариерите и подобрување на бизнис климата.

„Ниското ниво на дигитална писменост е една од бариерите на која ние како Влада заедно со вас може да работиме заедно со вас.“, додаде тој.

- Advertisement -

 

Гувернерот на Народната Банка на РМ Димитар Богов, најави дека Народната банка се стреми за дигитализација на македонската економија, дигитализација на плаќањата и општеството во целина. “Безготовинските плаќања кои се стимулираат со е-трговија се воедно начин за справување со сивата економија и овозможуваат лесна евиденција и следење.“, дополни тој.

 

„Трендот во развојот на Интернет на нештата (Internet of things)  и се поголемиот број фукнционалности на поврзаните уреди, им овозможуваат на корисниците удобност во купувањето било каде, било кога и на начин кој го преферираат, но во исто време безбедноста на трансакциите станува поважна од било кога. За таа цел во изминатите три години Mastercard инвестираше повеќе од 1 билион долари во изградбата на безбедни и сигурни производи и мрежи, со употреба на најновите технологии и иновации.”, изјави Вања Манова одговорна за Mastercard Македонија, која исто така упати голема поддршка до Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Сподели!
- Advertisement -