Eколошки автобус од Мерцедес влегува во градскиот сообраќај во Скопје

- Advertisement -

Од наредната недела корисниците на градскиот превоз во Скопје, на линијата број 5, ќе се возат со енергетски ефикасен автобус на гас, кој е направен специјално за градски превоз.

Станува збор за Мерцедес Цитаро ЦНГ кој два месеца ќе биде пробно на располагање на ЈСП. Овој автобус работи на компримиран природен гас што го прави енергетски ефикасен, економичен за експлоатација и еколошки далеку поприфатлив од класичните дизел автобуси.

- Advertisement -

Трошоците за гориво за овој автобус, направен според последните технолошки трендови во оваа индустрија, се речиси за 50% помали, а најголемата предност е што емитува значително помалку јаглероден диоксид и речиси воопшто не го загадуваат воздухот. Има систем за автоматско „клекнување“ на возилото на автобуски постојки, сензори за светло и дожд, приклучоци за полнење мобилни телефони, како и видеокамери за да се следи делот кај возачот и делот за евиденција на билетите.

Идниот месец во Скопје, исто така, на пробно користење треба да пристигне и електричниот автобус од компанијата Chariot Motors, кој шест месеци ќе ја опслужува линијата број 15. Годинава од буџетот на градот се предвидени субвенции за набавка на еко-автобуси во висина од 100 милиони денари за ЈСП и 20 милиони за приватните превозници.

- Advertisement -

Набавката на еден ваков автобус за градски превоз чини 220.000 евра а како што кажаа претставниците на мерцедес вакви автобуси се користат во јавниот превоз во Лондон, Берлин, Париз, Виена, Мадрид, Букурешт.

Сподели!
- Advertisement -