Канада ја претвори најголемата фабрика за производство на струја од јаглен во соларна фарма

- Advertisement -

Најголемата фабрика за јаглен во светот Nanticoke Generating Station се наоѓа во Онтарио, Канада и беше затворена во 2013 година. Сега таа фабрика стана соларен парк кој ќе генерира 44 мегавати фотоволтаична, чиста и обновлива енергија. Овој проект ќе го замени фосилното гориво – јагленот со обновлив извор на енергија – Сонцето, пренесува Светски економски форум.

- Advertisement -

Фабриката беше затворена затоа што се сметаше за стара и непотребна и затоа што Онтарио реши да престане да произведува енергија од јаглен. Сега фабриката е  срушена и местото е дом на соларен парк со 200.000 соларни панели.

Проектот го развива компанијата Sun Edison Canadian и партнерите Six Nations Development Corporation и Ontario Power Generation. „Проектот Nanticoke е огромна можност за Онтарио да се префрли на чиста и обновлива соларна енргија. Проектот е и одличен пример за тоа како земјите се откажуваат од фабриките загадувачи и ги заменуваат со чисти фарми и паркови“ велат од Sun Edison.

- Advertisement -

Фабриката Nanticoke беше најголем загадувач во Канада. За споредба, во 2005 година, додека фабриката уште беше активна, во Онтарио имаше предупредувања за количината смог во воздухот 53 дена во годината, додека во 2015 година по нејзиното затворање нема ниедно предупредување. Онтарио целосно престана да користи јаглен уште во 2014 година. Тоа резултираше со помалку загадување кое е исто како да се тргнале 7 милинии автомобили од патиштата.

Соларната фарма која ја замени фабриката ќе почне да произведува струја за електричната мрежа во 2019 година.

Сподели!
- Advertisement -