На 18 и 19 април во Скопје ќе се одржи конференцијата „Жени во е-трговија“

- Advertisement -

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија го најави својот прв голем настан од почетокот на своето делување. Се работи за дводневната конференција „Жени во е-трговија“ која се организира во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact.

Конференцијата ќе вклучува обуки, работилници и тренинзи наменети за жени распределени кои ќе ги покријат речиси сите аспекти на е-трговијата кои се неопходни за секој кој сака да се инволвира во е-трговија односно да ги нуди своите производи/услуги за онлајн продажба.

- Advertisement -

Секој од предавачите и говорниците, искусен во својата област ќе понуди практични совети применливи за секој е-трговец или секоја засегната страна. Најавените говорници се:

  • Gillian Muessig – коосновач на Moz and Outlines Venture Group и генерален партнер во Sybilla Masters Fund
  • Anne F. Kennedy – основач на најголемиот конзорциум за дигитален маркетинг Global Search Engine Marketing
  • Oliver Pugh – коосновач на Stealth Startup
  • Д-р Нина Ангеловска, коосновач и извршен директор на Grouper.mk
  • Петар Ниновски, основач на Brainster.co
  • Даниела Милошевска – BastetNoir.com
  • Драган Јосифовски – Paket.mk
  • Сашко Неделков – DHL
  • Вељан Поповски – НЛБ Банка
  • Сузана Јошевска – Адвокатска канцеларија Станковиќ-Јошевска
  • Ива Трембалиева – Оперативен директор Grouper.mk

Агендата опфаќа теми како растот и развојот на е-трговијата во Македонија, предизвиците при водење на онлајн продажба, правната рамка и регулативата која ги засега е-трговците, плаќања, достава (кон дома и странство), маркетинг и промоција за е-трговија (email маркетинг, рекламирање на социјални медиуми), како да генерирате онлајн корисници и продажби, моќта на е-трговијата и успешни приказни во е-трговија од различни индустрии.

- Advertisement -

Конференцијата „Жени во е-трговија“ ќе се одржи на 18 и 19 април во Јавна соба.

Информирајте се повеќе за настанот и агендата на следниот линк. Вашето место може да го резервирате преку Grouper на следниот линк. Бројот на места е ограничен.

Сподели!
- Advertisement -