Саудиска Арабија работи на најголемиот соларен проект во светот – 100 пати поголем од најголемиот денес

- Advertisement -

Најголемиот соларен проект во светот ќе биде во Саудиска Арабија, а ќе чини дури 200 милијарди долари. Овој проект е партнерство меѓу Саудиска Арабија и јапонскиот технолошки гигант SoftBank. Се очекува да биде готов до 2030 година, а ќе има неверојатен капацитет од 200 гигавати, изјави извршниот директор на SoftBank, Масајоши Сон, пренесува Mashable.

Со капацитет од 200 GW проектот ќе биде околу 100 пати поголем од најголемиот проект на кој се работи денес, односно од австралискиот Solar Choice Bulli Creek PV Plant, кој ќе има капацитет од 2GW. Моментално најголема готова соларна фарма е кинеската Tengger Desert Solar Park со капацитет од 1.500 MW.

- Advertisement -

Принцот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман Ал Сауд и Матајоши Сон го потпишаа меморандумот за разбирање во Њујорк на 28 март. Ова е многу битен чекор за богатата со нафта Саудиска Арабија, која воедно е и најголем извозник на нафта во светот. Неверојатната инвестиција во соларна енергија ќе може да и помогне на Саудиска Арабија да биде помалку зависна од нафтата.

Според Bloomberg, Саудиска Арабија има вкупен енергетски капацитет од 77 GW, од кој 2/3 отпаѓа на природен гас, 1/3 на нафта. Тоа значи дека 200GW ќе биде премногу енергија за земјата. Инвестицијата од 200 милијарди долари ќе се искористи за купување соларни панели и батерии за складирање, како и фабрика за производство на панелите. Првиот од двата соларни паркови ќе почне да се гради годинава, а ќе почне да произведува струја до 2019 година.

Сподели!
- Advertisement -