Оваа житна култура може да преживее екстремно високи температури

- Advertisement -

Ова ново супер житно растение може да преживее екстремни горештини и има потенцијал да прехрани милиони луѓе во светот. Научниците со помош на напредни техники за одгледување успеаја да комбинираат модерни и застарени сорти пченица. Резултатот на нивните напори е житна култура која е сосема нова врста и добро расте и дава доста плод и во најсурови услови и температури.

- Advertisement -

Пченицата „дурум“ беше тестирана во пеколната Супсахарска Африка, каде што сонцето гори се што ќе допре. Пред да се добие оваа нова сорта беа тестирани илјадници други во истите услови. Се очекува дека само во басенот во Сенегал може да се произведат дури 600.000 тони пченица „дурум“, пренесува Светскиот економски форум.

Новата неверојатно издржлива сорта пченица ја развија научници од Интернационалниот центар за истражување во суви области (International Centre for REsearch in the Dry Areas). Новиот вид пченица има за цел да им помогне на земјоделците од сувите предели во светот , кои сочинуваат дури 40% од вкупната копнена површина на Земјата. Пченицата „дурум“ на земјоделците ќе им донесе поголеми приходи и ќе ја намали зависноста од увоз.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -