Според анкета спроведена од Европската комисија и Европската асоцијација за домашно сместување наменета за нудењето сместување за туристи, оние кои ја нудат услугава се во голем дел задоволни со системот кој е воспоставен за изнајмување на капацитети за сместување.
Истражувањето покажало дека дури 70,3% од оние кои нудат сместување, до гости најчесто доаѓаат преку онлајн платформите. Како најголеми препреки кои би можеле да предизвикаат проблеми во пружањето на услуги, најмногу била наведена бирократијата и честото менување на регулативите.
Според резултатите од анкетата, мнозинството од оние кои нудат сместување, односно 56,3% потврдиле дека за потребите на работењето го користат својот приватен дом во кој моментално живеат или својот секундарен дом кој го посетуваат повремено. За повеќе од две третини од испитаниците, приходите од работењето чинат помалку од половината од нивните целокупни годишни приходи.
Во поглед на односот со гостите, 51,4% од испитаниците потврдиле дека немаат искусено проблеми во текот на изнајмувањето, додека поголемиот дел од останатите рекле дека поголемиот дел од проблемите кои се јавиле биле едноставни и лесни за решавање.
Кога станува збор за правилата кои го регулираат изнајмување, одговорите на испитаниците варираат од државите од кои доаѓаат, со тоа што како посебно проблематични во однос на даночни обврски се јавуваат Италија, Германија, Шпанија и Франција.
Поголемиот дел од испитаниците исто така одговориле дека планираат да продолжат да го издаваат својот дом за краткорочни сместувања по принцип на делење, а дека ќе ги користат исклучиво онлајн платформите за оваа намена.
Европската комисија редовно ги следи трендовите во ова подрачје, спроведува истражувања и консултации со сите заинтересирани чинители. Европската асоцијација за домашно сместување ги застапува сопствениците на домашното сместување, управителите на недвижнини како и посредничките дигитални платформи.