Аеродромите не се секогаш познати по нивната енергетска ефикасност, но Норвешка ќе го смени тоа. Норвешките архитекти од Haptic Architects и Nordic – Office of Architecture најавија планови за креирање одржлив паметен град кој целосно ќе се напојува со енергија произведена од блискиот аеродром Oslo Airport. Комплексот ќе биде првиот енергетски позитивен аеродромски град во светот и ќе има доволно капацитет за да го продава вишокот енергија на други заедници, пишува Inhabitat.
Плановите за Oslo Airport City се во согласност со плановите на државата за префрлање од фосилни горива на обновлива енергија и подготвеноста да се прифатат зелените технологии. На пример, градот ќе биде место за тестирање технолошки урбани дизајни, вклучувајќи ги и беспилотните електрични возила, автоматско улично осветлување и паметна технологија за мобилност, отпад и безбедност.
„Ова е уникатна можност да се дизајнира нов град од нула. Со помош на стратегии за планирање како достапност на места одење пеш, соодветна густина, градски центар каде што нема сообраќај комбинирано со најновата технологија ќе можеме да создадеме зелен, одржлив град од иднината. Со оглед на близината до средиштето на северна Европа, искусна работна сила и скап и зелен аеродром, OAC ги има сите потребни предуслови да биде успешен град“, велат од Haptic Architects.
Во градот нема да има автомобили и ќе има многу зелени површини за растечката работна сила на аеродромот, која се очекува да се зголеми од 22.000 на 40.000 до 2050 година. Се очекува проектот да биде готов до 2022 година.