Општина Аеродром од денес почнува еко-акција за уредување на зелените површини

- Advertisement -

Општина Аеродром денеска почнува голема еко – акција со која се уредуваат јавните зелени површини кои се под нејзина надлежност.

Како што стои во соопштението од Општината, комуналните служби на Општина Аеродром, почнувајќи од населбата Мичурин, во наредните денови ќе ги опфатат сите реони, а пролетната акција вклучува косење трева, собирање гранки и шут, како и метење на улиците и паркинзите.

- Advertisement -

Исто така, во текот на месец април е планирана и акција за расчистување на дивите депонии на различни локации во општината.

Истовремено, со цел подигање на еко-свеста кај населението, инспекциските служби на Општина Аеродром, започнуваат едукативна кампања, преку која на терен ќе ги информираат граѓаните за Законот за јавна чистота и казните кои следуваат за негово непочитување.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -