Српската компанија 3lateral прва во светот разви технологија за целосна дигитализација на човечкото лице

- Advertisement -
Сакате ли ликовите на холивудските ѕвезди да го изговорат она што го кажувате вие? Звучи како научна фантастика, но за компанијата 3lateral од Нови Сад тоа е реалност. Оваа српка компанија прва во светот разви технологија која овозможува целосна дигитализација на човечкото лице.

Кога еднаш ќе се сними и ќе се зачува, човечкиот лик станува вечен, што е факт кој може да донесе револуција не само на полето на филмовите и видеоигрите, туку и во секојдневниот живот на сите нас. Дигиталниот живот, како што го нарекуваат, овозможува сите луѓе на светот да зборуваат ист јазик – невербална комуникација која се чита од движењата на мускулите на лицето. Идејата на новосадските програмери е детално снимање на сите индивидуални контракции на тие мускули, кои потоа се вклопуваат во математички модел на човекот.

„Она што е ново овде е што наместо тие индивидуални движења кои се доста неприродни за снимање ја снимаме глумата и од таа глума потоа ги извлeкуваме вистинските зборови на невербалната комуникација“ вели Владимир Мастиловиќ, основач на 3lateral.

- Advertisement -

Оваа технологија значи чекор напред кон четвртата револуција – развојот на вештачката интелигенција. Велат дека малку време не дели од добата кога машините ќе имаат човечки лик, пишува SEEBiz.eu.

„Многу сме блиску до тоа време. Кога ќе се случи, со вештачката интелигенција и синтеза на говорот ќе може целосно да се синтетизира нечиј лик, да се манипулира со тоа што го прави тој лик, што зборува и тоа може да се искористи за доброто на човештвото или може да биде злоупотребено“ објаснува Мастиловиќ.

- Advertisement -

И просторот за правење добро и просторот за манипулација се бесконечни. На пример, постои опасност доказниот видеоматеријал на суд да стане бескорисен, но уверени се дека човештвото, како и секогаш досега, ќе се прилагоди на новите околности.

Додека остатокот од светот се подготвува за технолошка револуција, филмската и особено индустријата за видеоигри одамна ги користат производите на српската компанија. Ако сте играле игри како GTA 4 и 5, Battlefront или Battlefield – сите ликови во тие игри се направени токму во Нови Сад.

Сподели!
- Advertisement -