Две кинески компании печатат автомобил за само три дена

- Advertisement -

Polymaker и X Electrical Vehicle Limited (XEV), две компании од Шангај кои се занимаваат со технологија за 3Д печатење, неодамна лансираа автомобил кој ги руши сите традиционални начини на производство на автомобили во светот, пренесува Al Jazeera Ballkans.

Соосновачот и извршен директор на Polymaker, Луо Џиафан, тоа возило го нарече LSEV и го најави како првиот вистински 3Д печатен проект кој ќе има масовно производство. „Велам вистински затоа што постојат многу други компании кои користат технологија за 3Д печатење, но ништо не може да се спореди со големината, обемот и интензитетот на LSEV“ објаснува Џиафан.

- Advertisement -

За да се направи еден ваков електричен двосед потребни се само три дена, наведува производителот. Возилото прво ќе се појави на азискиот и на европскиот пазар. XEV Limited наскоро почнува да го произведува возилото и според очекувањата, на пазарот ќе се најде во април 2019 година по цена од само 10.000 долари.

Автомобилот е долг 2,5 метри, висок 1,5 метри и широк 1,3 метри, слично на димензиите на популарниот Smart. Тежок е околу 450 килограми и достигнува максимална брзина од 70 км/ч. Со едно полнење на батеријата може да помине 150 километри. Најголем дел од автомобилите се 3Д печатени од три вида материјали: зајакнат најлон, полилактичка киселина и гумирана полиуретанска пластика.

- Advertisement -

Сепак, сите метални делови на автомобилот како шасијата и моторот ќе бидат направени на конвенциоанлен начин. Додека еден конвенционален автомобил има приближно 2.000 компоненти, LSEV е составен од само 40 до 60 делови. Проценките на безбедноста покажуваат дека автомобилот е четири до пет пати посилен од конвенционалните мали автомобили како што е Smart.

https://www.youtube.com/watch?v=M-X-rN2yXfs

Сподели!
- Advertisement -