Студенти од Економскиот, Машинскиот, Градежниот и Електротехничкиот факултет и од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Скопје се дел од новата сесија на програмата за практиканти на ОКТА.
Тие во наредните три месеци ќе бидат постојано вклучени во работниот процес на компанијата, со полно работно време. Под надзор на искусни ментори кои се врвни професионалци во својата област, ќе имаат можност да стекнат нови знаења кои ќе им помогнат да станат поконкурентни на пазарот на трудот.
ОКТА веќе неколку години во континуитет ја спроведува програмата за практиканти, со цел да им помогне на младите студенти своите теоретски познавања да ги преточат во практични вештини и на тој начин да се подготват за својата понатамошна професионална кариера. До сега низ оваа програма минале околу 100 студенти.
Изборот на практикантите се врши преку отворен конкурс, а право на учество имаат студенти кои се во завршна година од првиот циклус студии или на магистерски студии.