Наскоро PayPal плаќања кон компании во Србија

- Advertisement -

Владата на Србија усвои предлог закон кој ќе овозможи прилив на средства од странство преку странски сервиси како што е PayPal кон компании со седиште во Србиј кои вршат услуги или продаваат производи.

„Со овие измени граѓаните на Србија веќе нема да мораат повеќе да основаат фирми во странство, туку својот дигитален бизнис ќе можат да го водат од Србија за клиенти од целиот свет и со една девизна цена“, пишува во соопштението на Владата.

- Advertisement -

При тоа, Владата им наложила на сите органи на државната управа да ги прилагодат законските решенија во рок од триесет дена и да ги изменат своите внатрешни акти кои пропишуваат задолжителна примена на печат во тргувањето.

Со спроведување на реформите со кои се укинува употребата на печатот за деловните субјекти е во склад со програмата на Владата за модернизација на работењето и тие се надеваат дека ова ќе придонесе повисок ранг и подобра позиција на Србија на листата на Светска банка за условите за тргување.

Сподели!
- Advertisement -