Деца.мк – нов портал за деца и родители

- Advertisement -

Започна со работа специјализираниот интернет-портал за родители и деца – Деца.мк ,  на денот кога порталот Факултети.мк ја одбележува седумгодишнината од отворањето. Деца.мк е нов производ претставува продолжување на успешната приказна на тимот кој веќе седум години го создава Факултети.мк.

Во Деца.мк отворено ќе зборуваме за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат родителите и децата, за современите техники на воспитување и учење и сѐ што е потребно за успешно и одговорно родителство и здраво и среќно детство.

- Advertisement -

За таа цел, нашиот нов портал соработува со лекари, психолози, социолози, педагози, дефектолози, логопеди и уште многу други професионалци од земјава и надвор од неа, секој докажан во својата област. Тие со своите совети секојдневно ќе се обидуваат да го олеснат секој нов предизвик на нашите читатели поврзан со правилното одгледување и воспитување на децата.

Сето тоа ќе го надополнуваме со животни приказни од нашето секојдневие, со приказните на успешни, талентирани и надарени деца, а во нашиот фокус ќе бидат и ранливите групи на кои им е потребна постојана помош за олеснување на функционирањето и за зголемување на квалитетот на нивниот живот.

- Advertisement -

Деца.мк има заштитен лик – девојчето Биби, кое го создадовме заедно со илустраторот Тхе Мичо, со детската писателка Билјана Црвенковска, режисерот Гоце Цветановски и музичкиот продуцент Бобан Апостолов.

Сподели!
- Advertisement -