Младиот иноватор Иван Мрвош има милиони, а уштe живее со родителите и нема автомобил

- Advertisement -

Пошироката јавност го запозна Иван Мрвош како победник на Претпреимничкиот камп во Хрватска со неговиoт проект светлечки ЛЕД столови наменети за угостителски објекти. По неполни четири години овој млад иноватор оди само напред. Столовите револуираа во клупи, за кои стигнуваат нарачки од целиот свет. Мрвош е номиниран на листата „35 Innovators under 35″ на универзитетит МИТ, за него имаше цел прилог на CNN, а неговата компанија Include  е проценета а повеќе од 4,5 милиони евра.

Изумителот на првата паметна клупа, Иван Мрвош, својот бизнис го почна во гаража, а денес за него работат 32 експерти, додека производството и канцелариите се простираат на површина од 1.400 квадратни метри. Годишно бројот на продадени клупи расте за околу 200%, а приходите растат за 350%. Во 2018 година Мрвош се надева дека ќе испорача 800 до 1.000 клупи ширум светот.

- Advertisement -

Клупите ќе бидат во фокусот на компанијата уште година-две, а потоа Include ќе претстави нов производ наменет за истиот пазар. „Потоа следува стабилизација на работата на компанијата, која тогаш ќе биде стара точно 6 години. Дури после тоа може да се одлучам да ја продадам, да ги исплатам сите инвеститори и да стартувам со целосно нов проект“ изјави Мрвош за Slobodnа Dalmacijа, а пренесува Zimo.

Мрвош нагласува деа бизнисот го почнал без пари, а денес е горд што може да каже дека нема ниедна црна дамка врз неговиот бизнис. Иако неговата компанија денес вреди милиони, тој уште живее во родителската куќа. Нема сопствен автомобил, а како најдобра инвестција во изминатите три години го наведува купувањето кревет.

- Advertisement -

Секако дека после големите инвестиции што ги добивме можев себеси да си дама голем бонус, но тоа не сум јас. Компанијата не ја стартував заради пари туку затоа што сакам да создавам неверојатни производи кои ќе ги користат луѓе од целиот свет. Исто така, сакам на луѓето да им дадам можност да работат со мене. Вистина е дека едно од најдобрите чувства е кога знаете дека она што сте го создале го користат илјадници луѓе од целиот свет“, дополнува Мрвош.

Сподели!
- Advertisement -