Халкбанка ќе ги поддржува малите и средните претпријатија во Македонија

- Advertisement -

Поддршка за малите и средни претпријатија и за занаетчиите најави првиот човек на Халкбанка во Македонија, Билал Суџубаши.

Од нашето основање наваму наша таргет група се малите и средни претпријатија (МСП) кои претставуваат камен-темелник на економијата. Но, Халкбанк А.Д. Скопје паралелно ги поддржува сите сектори на економијата и сите бизнис слоеви“, рече на прес-конференција Суџубаши, потенцирајќи дека се воведени неколку нови производи Еснаф, Раат и Промо Плус, преку кои ќе се поддржат нивни тековни потреби за основни средства и обртен капитал.

- Advertisement -

„Во 2018 година ќе продолжиме со поддршка на проектите на бизнис заедницата и преку кредитните линии од меѓународните финансиски институции. Како еден од поважните приоритети на Банката за 2018 година е и воведување на кредитни прозводи за поддршка на занаетчиите во Р. Македонија преку непосредна соработка со Занаетчиската Комора на Македонија“ додаде Суџубаши.

Банката во делот на малите и средните претпријатија во минатата година оствари пораст од 41,5 милиони евра или 21,6%. Притоа, рече Суџубаши, е задржано ниското ниво на лоши пласмани од 0,56%.

Сподели!
- Advertisement -