Adidas одлучно работи на намалување на загадувањето со пластика. Компанијата склучи партнерство со организацијата Parley for the Oceans и заедно ќе креираат производи од рециклирана пластика. Досега имаат продадено повеќе од 1 милион од нивните одржливи патики за трчање. Сега лансираат нова колекција облека за јога составена од комбинезони, хеланки и маички, пишува Green Matters.
Новата линија е соработка со Wanderlust, организација која организира различни фестивали и настани во текот на целата година за да им помогне на луѓето да имаат подобар живот. Една од нивните мисии е промовирање на јогата за одржување на внатрешниот мир кај луѓето, добрата исхрана за здрав живот и одржливоста за да се елиминира нашето штетно влијание врз животната средина.
Повторно Adidas ќе работи заедно со Parley Ocean Plastic за да ја направи облеката. Рециклираната пластика минатата година беше искористена да се направат одржливи патики за трчање UltraBoost. Од 11 пластични шишиња се правеа врвците, подлогата за газење и страничната облога за секој пар.
Новите производи за јога од линијата Adidas x Wanderlust сите ќе бидат во црна, сина и кремава боја. Цените се движат од 35 долари за маичка, 55 долари за хеланки, 80 долари за јакни, па до 120 долари за комбинезонот Onesie Legend Ink. За разлика од друга спортска облека, оваа нема да содржи синтетички материјали и може целосно да се рециклира.
„Знаеме дека многу жени се грижат за околината. Сега со нашите производи тие можат да дадат уште поголем придонес во зачувувањето на планетата“, велат од одделот Adidas Women.