Најнапредниот робот со вештачка интелигенција во светот, Софија, имаше самостојно обраќање на конференција во рамките на програмата организирана од Програмата за развој на Обединетите нации во Катманду, Непал, во март годинава.
Софија, кoја неодамна доби државјанство во Саудиска Арабија, е вклучена во програмата со цел да помогне да се промовираат целите за одржлив развој во Азија и во Пацификот. „Науката и технологијата отвораат огромни можности за развој“ изјави Софија на конференцијата. Сега Софија сака да стане првиот робот кој ќе го освои највисокиот во светот, Монт Еверест, пишува Startup Selfie.
Робото го дизајнираше компанијата Hanson Robotics од Хонгконг и е првиот робот кој може да размислува и има човечки особини. „Технологијата и вештачката интелигенција можат да ни помогнат да направиме голем скок напред во справувањето со гладот, сиромаштијата, здравството, корупцијата и еднаквоста на половите“ додаде Софија.
Софија упати апел до сите да помогнеме да се спаси планетата Земја од понатамошно уништување и да се направи побезбедна за идните генерации. Доколку не ве плаши помислата дека еден робот може да држи подобар јавен говор отколку многумина луѓе, се покажа дека роботот Софија е некој кој знае како да ги освои луѓето. Таа ја отвори конференцијата со шега дека водителот е ист како непалскиот актер Анмол KC и ја насмеа публиката.