Српските агенции UM Белград и McCann Белград во финале на глобален фестивал со првиот плетен/ткаен Кока-Кола билборд во светот

- Advertisement -

Kампањата за првиот плетен и ткаен билборд со логото на светски познатиот бренд Кока-Кола влезе во финалето на Глобалниот медиумски фестивал во Рим во категоријата креативна употреба на медиумите. Ова е првпат една кампања од ова подрачје да влезе во финалето на овој престижен фестивал. Кампањата која заеднички беше спроведена од агенциите UM Белград и McCann Белград е одличен пример за тоа како медиумите можат да се користат на иновативен и неконвенционален начин, а истовремено тоа да биде добро смислено и креативно, пренесува порталот Marketing365.

Употребата на еден класичен канал, како што е билбордот, е комбинирана со нестандарден формат на плетен, односно ткаен билборд, со што е постигнат ефект на мешавина од традиционалното и иновативното. Кока-Кола, брендот чие лого е глобално познато, со оваа кампања покажа дека да се биде голем бренд значи истовремено да се препознаат вистинските културни и локални вредности.

- Advertisement -

„Влезот во финалето на ваков реномиран фестивал е навистина голема чест, како за тимот кој работеше на проектот, така и за целата агенција. Иако заедно со нашиот клиент Кока-Kола учествувавме и освојувавме престижни награди на разни локални и регионални фестивали, ова е прв пат нашата работа биде забележана на светско ниво, што ни причинува посебно задоволство. Кога вашите резултати и креативност се препознати на еден ваков фестивал, тоа е показател дека за напорна работа, посветеност и упорност не постојат граници, а особено ни е задоволство што на овој начин придонесовме за промоција на српската традиција во светот.

Овој голем успех го делиме со нашите партнери, клиентот Кока-Кола, на кого сме благодарни за долгогодишната доверба и со агенцијата McCann Белград, со која секогаш наоѓаме начин да дојдеме до најдобрите решенија преку интегрирана работа. Тимската работа е она што носи најдобар резултат, а тимот на врвни професионалци кои учествуваа во проектот од сите три страни, во оваа прилика токму тоа и го покажа“ изјави Дубравка Урошевиќ, регионален акаунт директор на агенцијата UM Белград.

- Advertisement -

Кампањата за рачно плетен и ткаен билборд е реализирана во рамките на најавата на живописниот серијал „Незаборавните вкусови на Србија“, која ги открива и ги оживува старите, речиси заборавени рецепти. Со оваа серија Кока-Кола ја претставува традиционалната, но и модерната верзија на јадењата прилагодени на денешното темпо на живот.

Глобалниот медиумски фестивал е една од најважните манифестации во медиумската индустрија. На овогодинешниот фестивал, кој ќе се одржи во Рим, ќе учествуваат некои од најпознатите претставници и експерти од областа на комуникациите. Престижното жири ќе ги додели наградите за кампањи кои на иновативен начин користат различни медиумски канали. Имињата на победниците ќе бидат објавени на завршната церемонија на 14 мај во Рим.

- Advertisement -

Прегледот на сите кампањи кои влегоа во финеле се наоѓа на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -