Стартап од Лондон разви софтвер за вештачка интелигенција со кој компаниите полесно ќе ги разберат вработените

- Advertisement -

Стартапот StatusToday кој е со седиште во Лондон доби почетна инвестиција од 3,9 милиони долари од Local Globe и фондовите Notion Capital и Brent Hobermann за унапредување на софтвер базиран на вештачка интелигенција, пишува порталот EU Startups

Многу извршни директори и менаџери не ги разбираат своите вработени и оваа нивна неповрзаност има негативно влијание на компанијата. StatusToday направиле платформа која користи вештачка интелигенција за следење на однесувањето на вработените со цел да се зголеми нивната ефикасност и продуктивност.

Основан во 2015 година од Анкур Моди и Мирцеа Димитреску, тимот на стартапот верува дека користењето на податоци со цел развивање на добра бизнис стратегија сѐ повеќе се наметнува како следното нешто што ќе го промени бизнис светот. Еден извор на податоци кои може да имаат големо влијание врз перформансите на компанијата се податоците поврзани со вработени во компанијата.

- Advertisement -

„StatusToday носи револуција во тоа како менаџерите размислуваат за своите тимови и продуктивноста. Тие ќе придонесат кон поголема транспарентност на работното место од што предност ќе имаат сите во компанијата“, изјавил Саул Клајн кој ја предводел оваа рунда на инвестиции.

Софтверот на StatusTоday мониторира во реално време и веднаш дава информации со кои менаџерите имаат подобар преглед на работната сила со што ќе знаат како да имплементираат промени кои ќе бидат позитивни за компанијата. Исто така, софтверот ја отстранува субјективноста и реално ги проценува ризиците.

- Advertisement -

До податоците добиени од софтверот, пристап имаат и вработените со што се зголемува транспарентноста во работењето. Тие ќе можат да го увидат својот ефект и да знаат кога и во какви услови се најпродуктивни.

- Advertisement -

Откако беше лансирана демо верзијата на платформата на средината на 2017 година, стартапот StatusToday веќе има регистрирано 200 компании-корисници од 22 држави, а софтверот има анализирано преку 350 милиони човечки дејствија од вкупно 165 000 вработени кои постојат во системот. Следниот чекор е унапредување на софтверот кој ќе придонесе кон разбирање на однесувањето на вработените.

Ова е само еден од примерите како новите технологии, како вештачката интелигенција, го менуваат работниот простор и работата на компаниите.

Сподели!
- Advertisement -