Alibaba одгледува свињи со помош на вештачка интелигенција

- Advertisement -

Е-трговецот Alibaba користи вештачка интелигенција за да одгледува свињи. Вештачката интелигенција ги идентификува свињите со помош на софтвер за препознавање лицa и ги следи нивната возраст и тежината. Вештачката интелигенција може да го процени здравјето и физичката состојба на свињата, но и да ги следи промените во однесувањето, пишува Светскиот економoмски форум.

Може дури и да каже кои свињи ќе родат здрави прасиња само по тоа што ги слуша. Доколку некоја свиња кашла, тоа може да е знак за појава на некоја болест и претставува ризик од ширење на болеста. Кинеските земјоделци имаат проблеми со следењето на развојот и здравјето на свињите затоа што на некои фарми има десетици илјади свињи.

- Advertisement -

Кина е најголемиот снабдувач, консумент и увозник на свинско месо во светот.

Сподели!
- Advertisement -