Американска компанија ќе го гради првиот вселенски хотел во светот – престојот чини 9,5 милиони долари

- Advertisement -

Сакате ли да бидете меѓу првите кои ќе тргнат на туристичко патување во вселената и ќе престојуваат во првиот вселенски хотел во светот? Ако сакате да го направите тоа, ќе мора да имате навистина длабоки џебови. Имено, американската компанија Orion Span планира да изгради хотел кој ќе лебди во Земјината орбита и ќе нуди можност за престој на заинтересираните вселенски „туристи“.

Но, за престој во 42 квадратни метри 12 дена ќе мора да издвоите неверојатни 9,5 милиони долари, пишува Zimo. А дека веќе има заинтересирани луѓе покажува информацијата дека компанијата веќе прима резервации по цена од 80.000 долари.

- Advertisement -

Хотелот, всушност, е модуларна вселенска станица која ќе се вика Aurora Station и во него истовремено ќе може да престојуваат шестмина – двајца членови на екипажот кои ќе се грижат за „вселенските туристи“ и четворица туристи. Освен што ќе се грижат да им биде удобно на туристите, членовите на екипажот ќе водат истражувања и експерименти како одгледување зелечнук и овошје и на туристите ќе им покажуваат како изгледа животот на една вселенска станица.

- Advertisement -

Orion Span разви технологија која ни овозможува да дизајнираме и да направиме вселенска станица. Aurora Station ќе биде лансирана во 2021 година како првиот луксузен вселенски хотел, а на почетокот на 2022 година ќе ги угостат туристите, астронаутите, истражувачите и сите останати заинтересирани, изјави извршниот директор на Orion Span, Френк Бунгер.

„Ја дизајниравме Auroru Station да расте и да одговара на потребите на пазарот. Кога ќе досегнеме целосен капацитет, едноставно ќе лансираме уште една вселенска станица која ќе се приклучи на Auroru. Како што ќе расте интересот ќе почнеме да продаваме и вселенски станови“ додава тој.

- Advertisement -

Идејата е на „вселенските тристи“ да им се понуди искуство како што имаат астронаутите на вселенските станици. Затоа во Orion Span се убедени дека луѓето ќе поминуваат се повеќе време гледајќи низ прозорците на Земјата отколку да бараат услуга со 5 ѕвезди. Гостите во текот на получасовниот лет до вселенската станица ќе ги пренесува некоја од приватните компании како SpaceX или Blue Origin.

Освен што „вселенските туристи“ ќе мора да имаат доволно пари за да го платат престојот, ќе мора да поминат и здравствени прегледи и тримесечен тренинг. За тие кои немаат 9,5 милиони долари од Оrion Span велат дека ценста ќе се намалува како што ќе расте интересот, но тоа нема да се случи до средината на 2020-тите години. Ако се потрудите, можеби ќе успеете дотогаш да заштедите за годишен одмор во вселената.

Сподели!
- Advertisement -